„Првите искри меѓу нас се појавија токму на ски викенд, а и нашата врска започна во снежна сезона, па затоа и Горјан го одбрал овој момент, односно ме запроси на нашето зимување на француските Алпи, на највисоката точка во овој ски центар“, споделува Елеонора (30) за CRNOBELO.com, којa е вљубеник во бордањето и зимата, исто како и нејзиниот партнер.