Доење во јавност, зимски одмор на Пониква: Запознајте го семејството на водителката Цеце Тодосовска (фото)
- Детали
- четврток, 19 јануари 2023
Шармантната водителка од Утринската програма на Телма ужива со сопругот и синот Бодан во снегот на Пониква. Тие се вљубеници во природа и секогаш се подготвени за прошетки.
Водителката Цеце Тодосовска зимскиот период го искористи за релаксација на снежната Пониква со сопругот и синот Бодан.
Со сопругот Стојанче, Цеце е во брак од 2018 година, а во 2021 година со фотографија на која го дои синчето во скопски локал, покажа дека е приврзаник и поддржувач на доењето во јавност.
Од прошетки на планини до пикници, тие се семејство вљубеници во природа и постојано се активни.
Цеце беше дел од најразлични ТВ емисии во текот на кариерата, но најпрепознатлива е како дел од тимот на Утринската на Телма.
Запознајте го семејството на Цеце:
С. С. | Црнобело