„Семејството на прво место“: Елиф Елмас се пресели во Германија, па ги прошета саканите низ Берлин
- Детали
- петок, 16 февруари 2024
Откако на почетокот на годината потпиша за RB Leipzig и се пресели во Германија, Елиф Елмас сега најде време и да се прошета низ Берлин, а друштво му правеа саканите.
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас од јануари е играч на германскиот клуб RB Leipzig. Тој во Бундеслигата замина по неколку години поминати во Италија, каде што играше за Napoli.
Откако се снајде во клубот, почна со редовни тренинзи, а го имаше и своето деби, Елмас најде време и да се прошета со семејството во Берлин.
Тој објави неколку заеднички фотографии направени пред Бранденбуршката капија.
„Семејството на прво место“, напиша познатиот фудбалер, кој е насмеан и среќен на фотките.
Елмас ретко објавува семејни фотографии, па многумина беа изненадени што сподели дел од својата приватност со фановите.
„Не мислев дека ќе го кажам ова, но ни недостигаш во Неапол“,
„Те сакам Елмас и знај дека Неапол секогаш ќе биде твој дом. Врати ни се. П.С. Убаво семејство“, се дел од коментарите.
Додека беа на прошетка низ Берлин, Елмас и неговите блиски посетија и еден од локалните ресторани.
Сопствениците на локалот објавија негова фотографија и се пофалија дека нашиот фудбалер бил кај нив.
„Фудбалерот на бундеслигашот RB Leipzig денес дојде во нашиот ресторан. Сакаме да му се заблагодариме што го посети Mihmandar, еден од најдобрите турски ресторани во Берлин. Му посакуваме успешна кариера“, стои во објавата.
А. Ј. | Црнобело