Цеце Николова упати емотивна честитка до жената што ја одгледала во СОС Детско село: „Таа од мене направи човек“
- Детали
- четврток, 21 март 2024
„Бескрајно сум благодарна за секоја секунда помината со тебе“ – напиша меѓу другото водителката Цеце Николова во својата честитка упатена до Наташа Ѓоргиевска, жената што се грижела за неа додека растела во СОС Детско село.
Нашата водителка Цеце Николова во повеќе наврати јавно зборувала за своето тешко детство поминато во згрижувачки семејства и во СОС детското село, а секогаш наоѓа време да ги одбележи деновите и да им посвети внимание на луѓето што ѝ помогнале да го изоди тешкиот и трнлив пат низ којшто минала.
Таа на својот Фејсбук профил објави неколку фотографии со кои ѝ го честиташе роденденот на Наташа Ѓоргиевска, жената што се грижела за неа додека била штитеничка во СОС детското село.
До нивната заедничка фотка Цеце напиша:
„Денеска (20.03) ѝ е роденден на жената што од мене направи човек! Мајка Наташа. Бескрајно благодарна за секоја секунда помината со тебе“.
Денеска ѝ е роденден на жената што од мене направи човек! Мајка Natasa ❤️ Бескрајно благодарна за секоја секунда помината со тебе! 💫
-->Posted by Cece Nikolova on Wednesday, March 20, 2024
Неодамна, во интервју за CRNOBELO.com Цеце откри дека во првото згрижувачко семејство каде што била сместена жената воопшто не сакала да се грижи за неа.
„Се сеќавам на една многу исфрустрирана, лоша жена. Жената требаше ДА СЕ ГРИЖИ за мене, а ми покажа пеколот како изгледа“ – рече Цеце.
По ова Цеце, своето детство го продолжила во СОС детското село, каде грижата за неа ја преземала Наташа, која и во моментов сѐ уште работи таму и се грижи за други дечиња без родителска грижа.
Повеќе за тешкото детство на Цеце и за тоа што таа денес го прави за ѝ помогне на оваа ранлива категорија дечиња, прочитајте ТУКА.
Б. С. Б. | Црнобело