Даниел Кајмакоски откри дека се венча со саканата: „Ти си сè она што некогаш сум го барал“
- Детали
- недела, 22 јануари 2023
Даниел Кајмакоски откри дека се венча со неговата сакана, а засега не е познато дали парот направил свадба.
Со објава на Инстаграм Стори, Даниел Кајмакоски сподели дека стапил во брак со неговата сакана.
На фотографијата, пејачот позира со новата сопруга, а за пригодата избрал црн костум, во комбинација со кошула. Од фотката се гледа дека неговата нова сопруга носи сако и кошула.
Не е познато дали парот направил свадба, а засега пејачот нема споделено повеќе фотки или други информации.
Претходно пејачот беше во брак со Кристина Димитри, а не е познато колку точно време е заедно со сегашната сопруга. Тој ги сподели првите заеднички фотки со неа во септември минатата година.
Околу еден месец подоцна, тој сподели уште една објава, а во описот истакна:
„Ти си сè она што некогаш сум го барал“.
Спирова С. | Црнобело