Кул локал во Маврово со прекрасна глетка кон езерото, споделува фотки од снежната идила
- Детали
- петок, 20 јануари 2023
Снежна идила со спектакуларен поглед кон Мавровското Езеро како утринава или зелено пространство во пролет и лето, што ви се допаѓа повеќе? Локал со урбана нота во Маврово, каде со задоволство ќе правите фотки за на Инстаграм...
Утринава (19.01) Маврово се разбуди под снежна прекривка, а вработените во локалот „Casa Bar 1310“ му се израдуваа на снегот и споделија фотографии од зимската идила во нашиот ски центар.
Локалот кој се наоѓа на 1.310 метри надморска височина има спектакуларен поглед кон Мавровското Езеро, кој воодушевува во секое годишно време.
Од зелено пространство на лето до снежна бајка во зима, тука дефинитивно ќе уживате.
Со кул и урбана нота, овој локал му дава поинаков шмек на престојот во Маврово.
Снежната идила во Маврово:
Фотографии од овој локал во други годишни времиња:
С. С. | Црнобело