Пејачот Виктор Апостоловски ја запроси саканата во Истанбул: „Доста време ерген одев!“ (видео)
- Детали
- недела, 22 јануари 2023
Со слатко и забавно видео, младиот пејач Виктор Апостоловски најпознат по песната „Супермен“, сподели дека ја запросил саканата за време на нивното патување во Истанбул.
Виктор Апостоловски, младиот пејач кој се прослави со песната „Супермен“ со која се натпреваруваше за настап на Евровизија, сподели дека ја побарал саканата Милена Доневска за сопруга, за време на нивното патување во Истанбул.
Тој ги сподели убавите вести со слатко и забавно видео на Инстаграм, со опис:
„Доста време ерген одев!“
Во видеото, Милена е свртена со грб кон пејачот, додека тој се преправа дека само ја фотографира. Виктор дури и ѝ дава совети како да застане за во кадарот да се гледа и Босфор, а во меѓувреме го вади прстенот.
Потоа ѝ вели да се сврти и ја прашува дали ќе го земе за маж „младичот кого го болат колената од клечење и шетање низ Истанбул“.
Спирова С. | Црнобело