„Брате, сакам да останам“ - Дечко од Сомалија бара помош како да остане подолго во Македонија, се вљубил во земјата
- Детали
- петок, 20 јануари 2023
„Боже, Господе, на моите денови во Македонија им доаѓа крај и тоа е многу, многу тажно“, вели Мустафа Ахмед од Сомалија на кој Македонија му е дом веќе извесен период и сега бара помош да остане во убавата Македонија, како што ја нарекува тој нашата земја.
Мустафа Ахмед е дечко од Сомалија кој снима хит видеа за Македонија и ги споделува на Инстаграм.
Од истражување на убавините на нашата држава до вкусување на специјалитети и учење шеги од локалци, тој на прекрасен начин ни ја претставува државата.
Но, сега на Инстаграм сподели дека има проблем со дозволата за престој тука:
„Боже, господе, на моите денови во Македонија им доаѓа крај и тоа е многу, многу тажно, но потребно ми е вие ако можете на некаков начин да ми помогнете да добијам виза за подолг престој.
Сега ми е дозволено да останам 3 месеци, но сакам да ја покажам на светот убавината на оваа убава земја Македонија, а за тоа потребно ми е да бидам тука.
Брате, леле! Ако сакате да останам, помогнете ми со споделување на ова...“
Потоа сподели и видео од убавините на нашата земја, а и фотки:
https://www.instagram.com/p/CmOe9Gzs3ie/
Прочитајте и Дечко од Сомалија, дал отказ за да патува низ светот и останал во Македонија: „Во Драчево има најдобар кромид“
С. С. | Црнобело