Антониа Гиговска одблиску го покажа свршеничкиот прстен, откако се врати од Копаоник (фото)
- Детали
- среда, 25 јануари 2023
Пејачката откри дека нејзиниот сакан Роберт Спасенцовски го бирал свршеничкиот прстен сам, а таа по враќањето од Копаоник покажа како изгледа тој одблиску.
Антониа Гиговска имаше бурна седмица зад себе за време на зимувањето на Копаоник – објави дека е бремена, наполни 22 години, доби свршенички прстен и објави дует со колегата Пајак, кој стана вирален хит на ТикТок.
Сега, таа полека се враќа во нормала, по враќањето од српскиот ски центар.
Антониа се врати на своите рутини за убавина и на Инстаграм Стори сподели фотка од нејзиниот нов маникир, на која се гледа како изгледа нејзиниот свршенички прстен.
За свршеничкиот прстен пред тоа пејачката сподели дека нејзиниот сакан Роберт Спасенцовски го бирал сам, а таа очигледно е восхитена од изборот.
Прочитајте и Антониа Гиговска откри дека е бремена и партнерот ја запросил: „Умирам од среќа… си славам“
С. С. | Црнобело