Антониа Гиговска провокативна во Хрватска: Секси пози во мини фустан, по бикини во теретана
- Детали
- четврток, 18 април 2024
Антониа Гиговска е во Ровињ од каде што сподели нови секси фотки и покажа дека успеала да ја доведе линијата на телото до совршенство по породувањето.
Пејачката Антониа Гиговска е во Хрватска, од каде што вчера и денес (17 и 18 април) објавува фотки и видеа.
Таа е на настан за убавина во организација на светскиот бренд Yves Saint Laurent.
Своето патување Антониа го најави уште на скопскиот аеродром, а потоа откри дека стигнала во Ровињ.
Младата пејачка сподели и фотки од теретана, па кажа дека е во дилема „дали да вежба или да се фотографира“.
За настанот, пак, Антониа избра аутфит во магента розова боја и впечатлив накит.
Но, она што привлече најмногу внимание се фотографиите во зелен мини фустан, во провокативни пози, направени на терасата на нејзината хотелска соба.
Плетениот фустан со отсечоци и длабоко деколте ја откри фигурата која Антониа ја довела до совршенство по породувањето.
Таа последниве месеци вежба многу и внимава на исхраната.
„Секогаш биди ваква“ ѝ порачаа фановите, а некои пријатели ѝ оставија емотикони оган за да ѝ кажат дека изгледа жешко на фотките.