Антониа Гиговска со провокативна фотосесија за Денот на вљубените
- Детали
- среда, 14 февруари 2024
„Дали ќе бидеш мојот Валентин“ – напиша Антониа Гиговска до фотките на кои позира во провокативно издание.
Црвен фустан со длабоко деколте, црвени ракавици, црвен кармин и црвени срциња на русата коса... Денес сè е во знак на празникот на вљубените за нашата пејачка.
Антониа Гиговска подготви вистинско изненадување за своите обожаватели и следбеници на Инстаграм по повод Денот на вљубените.
Нашата позната пејачка одлучи во чест на Свети Валентин да објави фотосесија во која позира во заводливо издание.
„Дали е бидеш мојот Валентин“ - напиша таа до фотките.
Веднаш доби голем број позитивни коментари од следбениците и обожавателите.
Претходно, во текот на вчерашниот ден, во одговор на Инстаграм прашања, Антониа објави и една фотка од синот Киан и откри дека денес тој наполни 7 месеци.
Погледнете повеќе фотки од фотосесијата на Антониа:
Б. С. Б. | Црнобело