Црвен фустан и црвен кармин: Антониа Гиговска гламурозна во бојата што е хит сезонава
- Детали
- вторник, 28 ноември 2023
Антониа Гиговска објави нов хит, а се врати и на настапите во живо. За својот прв настап избра аутфит во бојата која е вистински хит сезонава, а изгледаше гламурозно, благодарение на смелиот црвен кармин и синиот ајлајнер.
По неколкумесечна пауза, Антониа Гиговска повторно се враќа на настапите во живо, гостувањата во емисии и создавањето нова музика.
Пред само неколку дена таа повторно ја освои македонската и српската публика со песната „Брига ме“, која за брзо време стана хит и на Јутјуб за само 7 дена има над 85.000 прегледи.
На Инстаграм, пак, младата пејачка сподели фотки од нејзиниот прв настап по подолгата пауза.
На 24-ти месецов, Антониа имаше настап во Струмица, а на Инстаграм сподели фотки од нејзиниот аутфит. За почетокот на новата турнеја низ македонските градови, Антониа се одлучи за гламурозен изглед во бојата која е вистински хит сезонава.
Таа на себе носеше краток црвен фустан и црвени чевли, а до фотографиите напиша:
„Струмица. Најгласни како и секогаш, а мене секогаш посебно ме пречекувате. Се гледаме пак, едвај чекам“.
Младата пејачка одбрала и кармин со слична црвена нијанса.
Шминкерот Даниел Јовановски сподели неколку фотографии кои покажуваат како одблиску изгледа гламурозната шминка што ја направил за нашата убава пејачка, со син ајлајнер и црвени усни.
Прочитајте и Црвена како цреша – Како Македонките ја носат бојата што е вистински тренд оваа есен?
Погледнете повеќе фотки од Антониа во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело