Конечно - новиот спот и песна на Антониа Гиговска: „Со бањарки во кадата ме креваа за да се гледам, првпат во животот имам трема“
- Детали
- понеделник, 20 ноември 2023
„Ако ме прашате зошто оваа песна оди прва, не знам, меѓутоа она што го почувствував уште на прво слушање беше клучно дека ќе ја снимам и промовирам. Знаев дека е моја“, вели Антониа Гиговска за CRNOBELO.com и откри детали за песната на српски јазик и спотот што ги објави денес, 20-ти ноември.
Пејачката Антониа Гиговска денес (20.11) ја промовира својата нова песна „Брига ме“, прва откако стана мајка, и со која го најави своето враќање на сцената по кратка пауза.
Песната на српски јазик е нешто поразлично од она што публиката навикнала да го слушне од неа, а Антониа се надева дека ќе им се допадне на фановите, бидејќи таа се заљубила уште на првото слушање.
„Знаев дека е моја“, вели Гиговска за CRNOBELO.com.
Таа ни откри неколку интересни детали поврзани со песната, но и со снимањето на спотот, па низ смеа вели дека од што е ниска, морале да стават бањарки под неа за да може да се види во кадарот со кадата.
„Искрено, многу сум возбудена затоа што ‘Брига ме’ ми е прва песна по ‘Хабиби’. Се надевам дека она што го направивме, а е нешто многу поразлично од тоа што досега публиката слушаше од мене, ќе им се допадне.
Јас работам веќе извесно време и со Лазар Цветкоски и со Дарко Димитров и веќе имаме неколку песни што ќе се објавуваат постепено.
Ако ме прашате зошто оваа оди прва, не знам, меѓутоа она што го почувствував за песната од прво слушање беше клучно дека ќе ја снимам и промовирам. Знаев дека е моја.
На снимањето на спотот беше забавно како и секогаш, особено што работев со тим со кој е исклучително лесно и брзо да се работи. Затоа без моите Даниел Николовски и Викторија Бурсаќ не мрдам никаде.
Нема некоја посебна анегдота од снимањето на спотот, освен што, поради тоа што сум толку ниска, за добар кадар мораа да ми стават бањарки во кадата за да ме подигнат и да се видам на камера.
Што се однесува до враќањето на сцената по долга пауза, чувствувам голема одговорност, како повторно да треба да ги освојам сите, иако се подготвувам подолго време и психички и физички и кондициски и визуелно.
Имам трема што никогаш во животот не сум ја имала. Се надевам дека е позитивна трема, но тоа ќе го дознаам кога ќе се качам на сцената“.
Автор на песната е Дарко Димитров.
Погледнете го видеото:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело