„Семејството е сè“ - Прв роденден на девојче од Македонија, со рачни изработки од нејзината мајка и тетка (фото)
- Детали
- среда, 25 јануари 2023
„Со мојата сестра за првиот роденден на ќерка ми Лили направивме вистинска бајка од рачно изработени декорации од хамер во боја, картон, украсни хартии и материјали за шиење. Цртавме, сечевме и уживавме во процесот и насмевките на Лили. Роденденската тема е ‘Пепелашка’ затоа што ќерка ми каде и да ја носев си ја губeше едната чевличка“, вели Наталија Павлова (28) од Пирава за CRNOBELO.com.
Наталија Павлова (28) од Пирава, вработена во казино во Валандово, со својот сопруг направи бајковит прв роденден за нивната ќеркичка Лили и тоа со декорации кои ги изработила со помош на нејзината креативна сестра Сања.
Наталија вели: „Кога се имаме едни со други, имаме сè. Семејството не е дефинирано само по презимето или крвта, тоа е дефинирано според посветеноста и љубовта. Ова значи да се грижите еден за друг во секоја пригода.“
За изработката на декорациите, но и за тоа како семејството е најважната работа во животот, Наталија говори за CRNOBELO.com:
„По долго исчекување го добив мојот најголем благослов и среќа, ќерка ми Лили родена на 24-ти декември 2021 и уште тогаш со сестра ми Сања Симиќ (24) дома, пред да заминам на породување, направивме низа рачно изработени креации за да ја пречекаме.
Исто така сега и за нејзиниот прв роденден заедно со сестра ми Сања направиме вистинска бајка од рачно изработени креативни декорации од хамер во боја, картон, украсни хартии и материјали за шиење, а нашето братче Антонио Симиќ (15) се погрижи за музиката во таа пригода.
Темата на роденденот е „Пепелашка“ затоа што ќерка ми каде и да ја носев си ја губeше едната чевличка и речиси од секаде се враќавме само со една.
Така ми дојде идејата за првиот роденден да биде „Пепелашка“.
Сања ја изработи дрвената лулашка со зелени листови за стаклената штикла на Пепелашка, потоа самовила од хамер во боја и украсна хартија, принцот и Пепелашкa од хамер и фустан направен од темно и светло син свилен материјал, a јас самовилското стапче со име на ќерка ми, замокот од хамер, картон и темно син свилен материјал, панделките и ракавиците.
Во процесот помагаше и ќерка ми Лили, а потребно време за изработка на сѐ беше две седмици.