„Разубавен син на мајка“ - Весна Петрушевска сподели фотка од синот, па напиша емотивна објава за роденденот на Тоше Проески
- Детали
- среда, 25 јануари 2023
Весна Петрушевска сподели најубави и најтажни емоции едновремено – радоста за нејзиниот пораснат син Кирил во САД, но и тагата на денот на роденденот на Тоше Проески. „Денес ќе имаше 42...“, ја започна таа емотивната посвета за Тоше. По истиот повод се огласи и сестрата на Тоше.
Весна Петрушевска на Инстаграм објави фотографија од синот Кирил, кој веќе неколку години со неговиот татко живее во САД.
Фотографијата е направена среде снежна идила, а Весна емотивно сподели:
„Кирил Тренкоски, само се лигавам кога ќе го видам. Колку е разубавен син на мајка.“
Таа по полноќ, односно на денешниот датум 25.01 се огласи по повод роденденот на Тоше Проески, нејзиниот, но и наш никогаш прежален ангел.
Објавата на Весна за Тоше Проески:
„Денес ќе имаше 42, сигурна сум дека ќе имаше уште 10 албуми, немаше да престанеш да пееш... Секогаш првата мисла ми е твојата насмевка, таа беше љубовна, животна приказна.
Таа насмевка гласна која го исполнуваше просторот во кој си шушкавме за работи кои само ние си ги знаевме.
И ми фалат оние образи што кога ќе ги штипнев ми остануваа во раце. Таа топлина која ја имаше во себе. Тоа ми фали.“
По повод роденденот на Тоше се огласи и неговата сестра Дора Проеска, која сподели фотографија на Фејсбук со торта со ликот на Тоше, каде пишува: „Секој твој роденден Тоше е наша воздишка“.
Прочитајте и „Љуби га мајка“ – Весна Петрушевска сподели фотографии од матурската на синот кој живее во САД
С. С. | Црнобело