Весна Бејби емотивна на годишнината од смртта на татко ѝ: „Те сакам до вечноста и назад“

„9-ти декември, денот кога се пресече еден дел од мене. Две години без тебе тато. Какво богатство е да имаш татко како мојот“, напиша Весна Петрушевска на Инстаграм.

vesna-bejbi-emotivna-na-godishninata-od-smrtta-na-tatko-i-te-sakam-do-vechnosta-i-nazad-01.jpg

Весна Бејби Петрушевска на својот Инстаграм објави емотивно видео со многу семејни фотографии и ја одбележа двегодишнината од смртта на нејзиниот татко Кирил.

Актерката вели дека сè уште ѝ е тешко, но дека е среќна бидејќи имала прекрасен татко.

vesna-bejbi-emotivna-na-godishninata-od-smrtta-na-tatko-i-te-sakam-do-vechnosta-i-nazad-02.jpg

„Верувам дека она во што се развиваме зависи од тоа што ќе не научат нашите татковци во необичните секојдневни моменти.

Нас нè формираат нивните ситни парчиња мудрост. 9-ти декември, денот кога ми пресече еден дел од мене.

Се појавува во точно време да ми шепне нешто многу важно. Две години без тебе тато.

Какво богатство е да имаш татко како мојот. Благодарна и те сакам до вечноста и назад“, напиша таа.

vesna-bejbi-emotivna-na-godishninata-od-smrtta-na-tatko-i-te-sakam-do-vechnosta-i-nazad-03.png

Актерката секогаш со многу љубов зборува за својот покоен татко.

Таа често раскажува приказни од детството, поврзани со родителите и нејзината сестра Сашка, но и за тоа колку татко ѝ бил близок со нејзините две деца, ќерката Мина и синот Кирил.   

Погледнете го видеото:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имала 12 бракови, го врати внукот со аутизам кај мајка му и живее сама на село – Животната приказна ... „Имаше страшни моменти додека ги растев ќерките. Се случуваше да јадеме бисквити...
Хелена Роза скршена од болка по смртта на Зоки Фаци: „Ќе те испраќаат во твоето Катланово, а јас сум... „И додека сега таму во Македонија ќе те испраќаат во твоето Катланово, јас сум т...
Емотивна објава на татко на близнаци од Скопје: „За малку ќе се разделевме, мојата сопруга и јас“ „За малку ќе се разделевме, мојата сопруга и јас. За малку ќе потклекневме пред ...
Панчо му напиша искрено писмо на синот: „Најмногу сакам да станеш фудбалер, но ќе бидам горд и ако с... „Запамти едно, кое според мене е најважно, татичко. На тоа ме учеше мајка м...
Весна Петрушевска со емотивна објава: „Ракот е патување на кое патуваш сам“ Весна Петрушевска ги збуни своите следбеници со емотивна објава на својот Инстаг...
Љупка Митрова: „Моментот кога решив да ставам крај на бракот е моментот кога решив да почнам да се с... „Моментот кога решив да ставам крај со партнерот со кој сум поминала 15 години и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg