„Чувај ми место до клавирот“ - Игор Џамбазов емотивно му се обрати на татко си, една година по смртта
- Детали
- среда, 25 јануари 2023
„Нема да ти посакам да бидеш добар, оти таму кај што си, не може да ти е лошо. Чувај ми место до клавирот...“, гласи крајот на емотивната објава на Игор Џамбазов по повод една година од смртта на неговиот татко, но ги споменува и медиокритетите во нашата држава.
Игор Џамбазов секогаш со задоволство се сеќава и говори за својот татко Александар Џамбазов, кој почина пред една година.
Објавата на Игор на Инстаграм, една година по смртта на маестро Џамбазов, гласи:
„Помина една година. Цела година. За миг. За час. Помина побргу од која било детска песничка што си ја напишал.
Сигурен сум дека си добар таму горе.
И нека не ти е мака што не си овде долу, со нас.
Да ти кажам искрено стари, ништо не си пропуштил.
Медиокритетите и понатаму ни диригираат по сопствени партитури, а ние божем одбиваме да свириме фалш.
Она што вредеше во годинава што летна се љубовта и почитта од луѓето за тебе, изразена во малку солзи и уште повеќе насмевки.
Нема да ти посакам да бидеш добар, оти таму кај што си, не може да ти е лошо. Чувај ми место до клавирот...“
С. С. | Црнобело