Горјан ја запроси Елеонора на француските Алпи на температура од -20°C - се запознале на планина (фото)

„Првите искри меѓу нас се појавија токму на ски викенд, а и нашата врска започна во снежна сезона, па затоа и Горјан го одбрал овој момент, односно ме запроси на нашето зимување на француските Алпи, на највисоката точка во овој ски центар каде што сме“, споделува Елеонора (30) за CRNOBELO.com, којa е вљубеник во бордањето и зимата, исто како и нејзиниот партнер.

gorjan-ja-zaprosi-eleonora-na-francuskite-alpi-na-temperatura-od-20-c-foto-01.jpg

Горјан (35) ја запроси Елеонора (30) на француските Алпи на надморска височина од 3.456m.

Додека двајцата вљубеници во зимата се местат да се фотографираат како што прават секогаш за време на нивните зимски одмори, Горјан ја изненадува својата сакана со прстен.

Елеонора за CRNOBELO.com споделува детали од запросувањето:

„Ние двајца се имаме запознаено на планина на планинарење. И двајцата сме љубители на ваков тип на активности и уживаме често на планина, без разлика дали е тоа планинарење, зимски спортови, кампување…

Знаеме да си организираме интересни патувања и да истражуваме разни места, најчесто на Балканов.

Инаку првите искри меѓу нас се појавија токму на ски викенд, а и нашата врска започна во снежна сезона, па затоа и Горјан го одбрал овој момент, односното нашето зимување, како најидеален начин за да ме побара…

gorjan-ja-zaprosi-eleonora-na-francuskite-alpi-na-temperatura-od-20-c-foto-05.jpg

Запросувањето се случи на првиот ски ден од нашиот одмор на француските Алпи, во ски центарот Tignes - Val D'Isere (Тињ - Вал Дизер).

Горјан бил во овој ски центар претходно и ја избрал највисоката точка за запросувањето.
Тоа е на надморска височина од 3.456m на глечерот Grande Motte.

Температурата беше некаде околу -20 степени, поредок воздух, но мислам дека тоа го направи моментот уште повозбудлив и помагичен.
Неочекувано беше, ми кажа дека ја мести камерата за да се сликаме на врвот, како што сме правеле и претходно.

gorjan-ja-zaprosi-eleonora-na-francuskite-alpi-na-temperatura-od-20-c-foto-07.jpg

За мене запросувањето беше совршено. Го имаше сето тоа што го сакаме и двајцата – планина, прекрасен поглед, највисока точка како локација.

gorjan-ja-zaprosi-eleonora-na-francuskite-alpi-na-temperatura-od-20-c-foto-02.jpg

Моментот ќе остане врежан во нашите сеќавања засекогаш.“

gorjan-ja-zaprosi-eleonora-na-francuskite-alpi-na-temperatura-od-20-c-foto-03.jpg

Видео од запросувањето:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Сара Мејс и Димитар на летување во Египет со Лазаров и Марта - мажите го учат Кирил да пие пиво (фот... „Кога ќе го оставиш детето на мажите“, напиша Лазаров и покажа како му дава на с...
Не се знае која е поубава - Познати дами од Македонија и нивните ќерки Некои се модели, некои актерки и пејачки, а некои се држат далеку од шоу - бизни...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...
Скопјанката Моника кажа „да“ на Саемот за венчавки: Саканиот ја запроси на ревија, додека носеше кре... „Иако долги години сме во врска, не помислив дека мојот сегашен вереник ќе собер...
Битолчанецот Константин ја запроси Ирена на 125-тиот кат од Бурџ Халифа во Дубаи (фото) „Патувањето во Дубаи ни беше планирано за почетокот на декември, за да го просла...
Каролина Гочева објави забавни фотки од турнејата во Германија - Како патува со бендот, се спие дури... Од тоа како ја шминкаат пред настап до како патува со членовите од бендот и прав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg