„За да ја исполнам желбата на моите дечиња, секое од нив да има своја соба, веќе со години спијам на земја во собата за дневен престој. Исто како што Самураите со векови спиеле на под. Навечер намести, наутро раскрени. И после, кога ќе слушнам некој се жали дека „не планирале второ дете“, бидејќи ќе морале со жената да спијат во дневна, ми доаѓа смешно…“, гласи дел од објавата на Игор Довезенски, учител за боречки вештини.