Пелистер прекриен со снежна прекривка - Ивана ни ја пренесува атмосферата оттаму (фото)
- Детали
- понеделник, 28 ноември 2022
Снекчето тивко си паѓа, се формира тенка снежна прекриква, а сé мириса на зима, чајче со рум и зимска идила... Звучи совршено, зарем не? Ивана ни ја пренесува атмосферата од Пелистер...
Викендов (26.11/27.11) падна снежна прекривка на Пелистер, а Ивана Брутовска со фотографии за CRNOBELO.com ни ја пренесува атмосферата оттаму.
Иако нема навеано дебела прекривка, атмосферата е бајковита и веднаш ќе ве асоцира на зимска идила, чајче со рум, па и ќе ви ја разбуди желбата за скијање и едвај ќе чекате да навее доволно снег.
По Попова Шапка, погледнете го ноемвриското снекче и на Пелистер.
Пелистер е највисокиот врв на Баба Планина, а со своите 2.601 метри надморска височина, претставува трет највисок планински врв во Македонија.
Често името на врвот Пелистер, се користи и како име за самата Баба Планина и синоним за градот Битола. Пелистер е прогласен и за национален парк во 1948 година.
Атмосферата преку фотографиите од Ивана:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
С. С. | Црнобело