Историски момент: Прва трансплантација на црн дроб од починат дарител во Македонија - 60-годишен пациент доби нов орган (фото)
- Детали
- петок, 25 ноември 2022
Денес е изведена првата трансплантација на црн дроб од починат дарител во Македонија. 60-годишен пациент добил здрав орган од пациентка со мозочна смрт, чие семејство се согласило да ги донира органите.
Денес, 25-ти ноември 2022 година, во Македонија е направена првата трансплантација на црн дроб од починат дарител.
Веста беше споделена на официјалниот Фејсбук профил на Министерството за здравство, како и на профилот на Лекарска комора на Македонија, со неколку фотографии од операцијата.
„За првпат во историјата на македонското здравство денес на Клиниката за дигестивна хирурија беше направена првата трансплантација на црн дроб од починат дарител. Шеесет годишен пациент со хронична болест на црниот дроб доби здрав орган од пациентка со мозочна смрт чие семејство вчера се согласи да ги донира органите.
Оперативниот зафат за екстрипација на црниот дроб од дарителот ја изврши хируршкиот тим под водство на проф. д-р Зоран Караџов и асс. д-р Ќемал Рушити, трансплантацијата ја изврши хируршкиот тим под водство на проф. д-р Светозар Антовиќ и асс. д-р Љубомир Огненовиќ.
Припремата и целокупната координација беа извршени од координаторите од Клиниката за гастроентерохепатологија доц.д-р Бети Тодоровска и науч.сор. Елена Цуракова Ристевска и националниот координатор за трансплантација доц. д-р Маја Мојсова. Во процесот беа вклучени и колеги од клиниките за Неврохирургија, Нефрологија, Кардиологија, Кардиохирургија, Трансфузиологија, Анестезија и интензивно лекување“, гласи објавата од Лекарска комора.
За прв пат во историјата на македонското здравство денес на Клиниката за дигестивна хирурија беше направена првата...
Posted by Лекарска комора на Македонија / Oda e Mjekëve të Maqedonisë on Friday, November 25, 2022
Спирова С. | Црнобело