Игор Џамбазов и Весна Петрушевска со шеговити објави – Игор копнее по Илина, Весна без грам шминка и со маска на лицето
- Детали
- четврток, 24 ноември 2022
„Маж без жена на годината“, се пошегува Игор Џамбазов и уште еднаш покажа колку е вљубен и носталгичен по својата Илина. Потоа, на тема жена на годината, се пошегува и Весна Петрушевска со фотка без грам шминка на себе и со маска на лицето.
Игор Џамбазов објави шеговита фотографија на која на чело си напиша: „Маж без жена на годината“, посочувајќи на носталгијата по неговата сакана Илина Арсова, која периодов живее во САД, најверојатно инсприран од актуелната манифестација за избор на маж на годината, но и носталгијата по Илина.
Во коментарите од неговите фанови имаше и со апел до неа: „Илина, враќај се“.
По оваа објава се огласи и Весна Петрушевска, која со маска на лицето се „кандидираше“ за жена на годината.
Во описот на фотографијата Весна напиша:
„Жена на годината, Игор јас ти стиснав сто пати лајк, сега ти.“
https://www.instagram.com/p/ClWDj8eoiJ7/
Инаку, Игор и Весна се долгогодишни пријатели и соработници на проекти од секаков тип, па од театарски претстави до ТВ емисии тие се совршен тандем.
Еден за друг беа секогаш тука и во текот на најтешките животни битки со кои се имаат соочено, а очигледно во нивниот однос не недостига и дозата на хумор, но и споделување на најубавите мигови, како што неодамна беше 18-иот роденден на ќерката на Весна Петрушевска, Мина.
Дефинитивно, маж и жена на годината...
С. С. | Црнобело