„Андрија на училиште добил многу грозен коментар од дете од клас. Не од оние регуларните ‘глуп, деген и слично’ туку онака баш грозен коментар кој не го смислува дете од 11 години, освен ако не му е кажано дома. И не бил само тој жртва на вербален булинг. На мојот обид да се објаснам, мајката на детето ме блокираше на Вибер“, вели Миа Костова и откри дека нејзиниот син бил жртва на врснички булинг.