Стоечки овации за Васил Гарванлиев по магичната ноќ во Куршумли Ан – ја разнежни публиката на концертот во Скопје

Пејачот Васил Гарванлиев вчеравечер (12.09) одржа емотивен концерт во Куршумли Ан во Скопје. Пред скопската публика, тој го почна своето музичко патување кое ќе продолжи во Струмица утревечер (14.09), а потоа со проектот ќе има турнеја низ неколку градови во САД и Канада.

stoechki-ovacii-za-vasil-garvanliev-po-magichnata-nokj-vo-kurshumli-an-ja-raznezhni-publikata-na-koncertot-vo-skopje-01.jpg

Куршумли Ан вчеравечер беше вистинска магија. Наместо на класична бина, музичарите беа распоредени во централниот дел на објектот, а публиката седната насекаде околу нив, со што се создаде интимна атмосфера и блискост меѓу Васил и сите што дојдоа да го слушнат во живо.

stoechki-ovacii-za-vasil-garvanliev-po-magichnata-nokj-vo-kurshumli-an-ja-raznezhni-publikata-na-koncertot-vo-skopje-18.jpg

Концертот го почна со „Ѓердан“, песната со која пред пет години, во 2018-тата, се врати на сцената.

Веднаш потоа ја испеа и „Желба од срце“, првата песна во неговата кариера, која ја пееше пред 30 години на детски фестивал.

stoechki-ovacii-za-vasil-garvanliev-po-magichnata-nokj-vo-kurshumli-an-ja-raznezhni-publikata-na-koncertot-vo-skopje-15.jpg

„Затворете ги очите, силно, и замислете си по една желба. И внимавајте што посакувате, бидејќи желбите навистина се исполнуваат кога нешто сакате премногу“, кажа Васил додека пееше и причека присутните да затворат очи и да си замислат желба, а дури потоа да ја заврши песната.

stoechki-ovacii-za-vasil-garvanliev-po-magichnata-nokj-vo-kurshumli-an-ja-raznezhni-publikata-na-koncertot-vo-skopje-22.jpg

По ова се редеа некои од неговите омилени македонски песни, од „Чија си“ и „Си заљубив едно моме“, до „Километри“ од Лозано и „Зајди, зајди“.

stoechki-ovacii-za-vasil-garvanliev-po-magichnata-nokj-vo-kurshumli-an-ja-raznezhni-publikata-na-koncertot-vo-skopje-14.jpg

По секоја песна публиката го наградуваше со громогласен аплауз, а Васил не ја симнуваше насмевката од лицето додека пееше и не криеше дека и самиот ужива во концертот.

„Инспириран од дождот и песничката Rain Rain Go Away, напишав музика за песна. Му ја дадов на Робин Зимбаков да напише текст. Јас го слушнав дождот, Робин го слушна ветерот и од тоа се роди „Крајот“.

Песната треба да ја снимам наскоро, но сакав вечерва премиерно да ја испеам пред вас“, кажа Васил во еден момент.

stoechki-ovacii-za-vasil-garvanliev-po-magichnata-nokj-vo-kurshumli-an-ja-raznezhni-publikata-na-koncertot-vo-skopje-10.jpg

Тој ги отпеа и евровизиските „Here I Stand“ и „You“, преработката на „Јовано Јованке“, а концертот го заврши со песната за која рече дека му е најомилената од сите македонски песни „Параходот“.

stoechki-ovacii-za-vasil-garvanliev-po-magichnata-nokj-vo-kurshumli-an-ja-raznezhni-publikata-na-koncertot-vo-skopje-12.jpg

За цело време беше придружуван од хор и танчарки, кои го направија визуелниот впечаток уште посилен. Васил цело време се движеше низ публиката, комуницираше со нив, играше, направи вистинско шоу.

stoechki-ovacii-za-vasil-garvanliev-po-magichnata-nokj-vo-kurshumli-an-ja-raznezhni-publikata-na-koncertot-vo-skopje-06.jpg

Публиката го испрати со стоечки овации и желба наскоро да се случи ново музичко дружење.

Меѓу оние кои уживаа на концертот беа и манекенката Катарина Ивановска, музичарите Тамара Тодевска, Јана Бурческа, Ивона Јо, Марио Арангеловски, Даниел Данн, моделот и музичар Давид Мука и многу други.

stoechki-ovacii-za-vasil-garvanliev-po-magichnata-nokj-vo-kurshumli-an-ja-raznezhni-publikata-na-koncertot-vo-skopje-16.jpg

Концертот во Куршумли Ан беше бесплатен, но на неколку места беа поставени кутии за донации, а собраните средства ќе бидат донирани на дечиња од ранливи категории.

Повеќе фотографии од концертот на Васил на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Врчак со ДНК на концерт во Охрид како во старите времиња – го пречекаа со овации, му посветија песна... Врчак беше громогласно пречекан од публиката, која по 14 години за првпат имаше ...
Каде е и што прави денес момчето што ја отпеа песната „Наташа од трето три“ – Леонид Ристев? Леонид признава дека никогаш немал намера да се занимава музика, иако во 1992-ра...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
„Дај на сунце“ – Новата песна на Каролина Гочева за еден час по објавувањето ја освои публиката „Магична како и секогаш“ – стои во дел од коментарите под новиот видео спот на К...
Ја пееше „Македонско девојче“, се расплака на песната за синот – Како помина концертот на Северина в... „Скопје, срцево ми е полно колку оваа арена“ – рече Северина на вчерашниот конце...
Тамара Тодевска на 39 изгледа подобро од кога било – прослави роденден со Лука и децата „Среќна сум за секоја ваша честитка, порака и желба – за уште многу години“ – на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg