Каролина Гочева со чашка ракија и макало ужива во Охрид – повторно во кул аутфити (фото)
- Детали
- понеделник, 11 септември 2023
„Три прекрасни дена во секогаш најубавиот Охрид“, напиша Каролина Гочева и објави серија фотографии од деновите поминати во македонскиот бисер.
Поп-пејачката Каролина Гочева крајот на летото го искористи да се одмори во Охрид. Таа се прошета низ улиците на стариот дел од градот, по шеталиштето покрај пристаниште, а го посети и Плаошник.
Уживаше на зајдисонце со поглед на езерото, но и во добрата храна, во еден од рестораните во градот, со чашка ракија и охридско макало.
„Три прекрасни дена во секогаш најубавиот Охрид“, напиша таа на Инстаграм и објави серија фотографии од деновите поминати таму.
Пејачката скоро секое лето поминува неколку дена во Охрид.
Таа не крие дека го обожава градот и дека секогаш се забавува како турист во македонскиот бисер.
Каролина претходно беше на одмор во Хрватска со својата сестра Сандра, со мајка ѝ и со внуките, а објави и неколку фотографии од летувањето на Скијатос, каде што беше со сопругот, уметникот Михаил Корубин.
Прочитајте и Каролина Гoчева, никогаш позгодна, на одмор на Скијатос со сопругот Михаил Корубин (фото)
A. J. | Црнобело