Сомалиецот Мустафа Ахмед, кој живее во Македонија ја посети Бетмен куќата во Радовиш - Како изгледа дворот одблиску?
- Детали
- четврток, 07 септември 2023
„Бетмен во Македонија“ – напиша Сомалиецот кој подолго време престојува во Maкедонија и споделува видеа од забавните места во нашата земја. Тој неодамна ја посети и Бетмен куќата во Радовиш.
Мустафа Ахмед од Сомалија подолго време престојува во Македонија и тука снима забавни видеа, поврзани со нашата култура, начинот на живот, но и нашето секојдневие.
Така Мустафа, кој на Инстаграм е познат по неговиот профил Тravelsofmozzy, неодамна беше и во Радовиш каде ја посети Бетмен куќата и преку кратко видео покажа како изгледа нејзиниот двор.
„Бетмен во Македонија“ – напиша Мустафа кратко до објавата.
За да го видите видеото, кликнете на стрелките од објавата:
Инаку, како што претходно објави CRNOBELO.com, Бетмен куќата во Радовиш е во сопственост на Костадинов Баже и е изградена во текот на изминатата година.
Баже е бизнисмен од Радовиш, кој од 1996-та година отворил своја такси компанија со името „Бетмен“, а денес има своја превозна фирма со истото име.
Во изјава за CRNOBELO.com вели дека идејата за дизајнот на куќата е инспирирана од нивниот бренд:
„Тоа е наш заштитен бренд и ние го почитуваме. Идејата за дизајнот на куќата е инспирирана од него. Замислата за изгледот на куќата беше моја и на семејството и заедно со архитекти успеавме да ја реализираме“ – вели тој.
Инаку на својот Фејсбук профил и Баже се пофали дека Ахмед му бил на гости, па сподели заеднички фотографии.
Б. С. Б. | Црнобело