Запознајте ги сопругите на одбојкарите од македонската репрезентација (фото)
- Детали
- вторник, 12 септември 2023
Дел од македонските репрезентативци во одбојка не откриваат дали се во врска или сингл, а други, пак, гордо ги покажуваат сопругите и децата, кои се постојано со нив на трибините и ги бодрат на секој натпревар.
Македонските одбојкари веќе неколку години го привлекуваат вниманието со својата игра и резултатите што ги постигнуваат на европските натпреварувања. На последното Европско првенство 2023, што се играше и во Македонија, нашите одбојкари се пласираа во осминафиналето, но таму загубија од Италија.
Освен со својата игра, одбојкарите привлекуваат внимание и со љубовниот живот.
Дел од нив не откриваат дали се во врска, а некои, пак, гордо ги покажуваат сопругите и децата, кои се постојано со нив на трибините и ги бодрат на секој натпревар.
Кои се сопругите на дел од македонските одбојкари?
Капитенот Никола Ѓоргиев осум години е во брак со Даниела, со која има две деца, син и ќерка.
Александар Љафов од 2019 година е оженет со Ана, со која има син.
https://www.instagram.com/p/CA43PuWh5Ka/
https://www.instagram.com/p/CVKlo3UM06m/
https://www.instagram.com/p/Cr3mFAGLgcS/
Филип Деспотовски е во брак со Еви, со која има син и ќерка.
https://www.instagram.com/p/CwxqAcwsoMw/
Владо Милев е оженет со Светлана, со која има две ќерки.
https://www.instagram.com/p/CubdgxDrMYK/
А. Ј. | Црнобело