Ќерката на Сара Мејс и Димитар го прослави 5-тиот роденден со тематска забава и торта на 3 ката (фото)
- Детали
- вторник, 12 септември 2023
„Во свет полн со Барби и Wednesday, горд сум што избра да бидеш Wonder Woman. Среќна 5-ка Илина, вечно насмеана и среќна да си ни“, напиша Димитар Атанасовски во роденденската честитка за својата ќерка.
Илина, ќерката Сара Мејс и Димитар Атанасовски наполни 5 години. Пејачката и водителот ѝ направија тематска забава инспирирана од филмот „Wonder Woman“.
Илина носеше костум како главната хероина со сино здолниште од тул, круна на главата и златно ласо, кое има моќ да го натера секој човек да ја зборува само вистината. Облеката ја дополни со уникатни патики со мотиви од филмот.
За Илина имаше и торта со истите мотиви на три ката – син, црвен и златен.
„Во свет полн со Барби и Wednesday, горд сум што избра да бидеш Wonder Woman. Среќна 5-ка Илина, вечно насмеана и среќна да си ни“, напиша Димитар на фотките што ги објави на Инстаграм.
На забавата, која се одржа во дворот на семејната куќа на Сара и Димитар, имаше многу деца, но и нивни пријатели.
фото: Инстаграм стори
Музика им пушташе диџеј Мац, кому Сара и Димитар му се кумови.
Сара, која носеше црвен фустан за да биде во ист стил со ќерка си, на Инстаграм Стори објави видео на кое Мац со децата игра „ринге ринге раја“, па се пошегува на негова сметка:
„Само диџеј Мац е повесел од неа. Многу сок не е на арно“.
фото: Инстаграм стори
За потсетување, освен ќерката Илина, Сара и Димитар го имаат и синот Кирил.
фото: Инстаграм стори
А. Ј. | Црнобело