Душко од Тетово ја запроси саканата Ивона во манастирот Свети Јован Бигорски - едно од најдуховните места во Македонија (фото)

„За мене Бигорскиот манастир е најубавиот манастир и има нешто посебно што ме поврзува со тоа место. Како мала ме носеле моите родители, а јас и денес знам со нив или со пријателите да одам и да го посетам. Ова го знаеше мојот дечко Душко, кој одлучил прашањето „Дали сакаш да ми бидеш жена?“ да ми го постави токму“, вели Ивона Нацевска за CRNOBELO.com.

ivona-i-dushko-od-tetovo-se-svrshija-vo-bigorski-manastir-romantichno-zaprosuvanje-vo-edno-od-najmagichnite-mesta-kaj-nas-01.jpg

Ивона Нацевска (24) и Душко Вукојичиќ (29) од Тетово се свршија во манастирот Свети Јован Бигорски, едно од намагичните и најдуховни места во Македонија.

Под камбаната на манастирот, Душко ја побара Ивона за сопруга по 1 година врска.

ivona-i-dushko-od-tetovo-se-svrshija-vo-bigorski-manastir-romantichno-zaprosuvanje-vo-edno-od-najmagichnite-mesta-kaj-nas-04.jpg

Ивона, која е вработена во Национална опера и балет во Скопје за CRNOBELO.com, раскажа за изненадувањето што ѝ го приредил нејзиниот партнер, кој е дел од музичката група The Nameless Trio.

„Сè се случи неочекувано. За мене Бигорскиот манастир е најубавиот манастир и има нешто посебно што ме поврзува со тоа место.

Многу често го посетувам. Како мала ме носеле моите родители, а јас и ден денес знам со нив или со пријателите да одам и да го посетам.

ivona-i-dushko-od-tetovo-se-svrshija-vo-bigorski-manastir-romantichno-zaprosuvanje-vo-edno-od-najmagichnite-mesta-kaj-nas-05_copy.jpg

Ова сè го знаеше мојот дечко Душко, сега мој свршеник, па тој самиот одлучил прашањето „Дали сакаш да ми бидеш жена?“ да ми го постави токму во Бигорскиот манастир.

ivona-i-dushko-od-tetovo-se-svrshija-vo-bigorski-manastir-romantichno-zaprosuvanje-vo-edno-od-najmagichnite-mesta-kaj-nas-03_copy.jpg

Морам да признаам дека беше баш изненадување. Ние бевме со намера да одиме на обична прошетка и посета на манастирот со неговиот брат и снаа, кои беа дел од изненадувањето.

ivona-i-dushko-od-tetovo-se-svrshija-vo-bigorski-manastir-romantichno-zaprosuvanje-vo-edno-od-najmagichnite-mesta-kaj-nas-02_copy.jpg

Судбоносното „да“ го кажав на тоа свето место кое за мене многу значи“.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Јелена Спенџарска со љубовна порака за саканиот Лукас: „Кога изгубив надеж, ми се појави како гром о... „На почетокот мислев дека е скриена камера, зашто не ми беше реално, нема да лаж...
Бојан од Скопје со македонско знаме на грб пешачи 3.000km во Нов Зеланд: „Преспивам во шатори, помин... „Мојот план е да ја поминам цела, потребни се околу 100 дена за тоа. Има секакви...
CRNOBELO анкета: Кои се најважните жени во животот на успешните Македонци? „Би ѝ се заблагодарил на мојата сопруга којашто ме поддржува во сѐ ова што го пр...
Ламбе Алабаковски за татковството: „Сакам и ќерка по двата сина“ „Самото породување за мене беше еден голем, возвишен чин, со измешани емоции, ра...
Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg