Каде е денес и што прави Христијан Тодороски, кој настапуваше во „Македонски Идол“?
- Детали
- сабота, 09 септември 2023
Сите се сеќаваат на неговата изјава дека омилено место за секс му е ринглата, а потоа го доби и прекарот Кико Рингла. Денес живее далеку од Македонија, а гради кариера во ресторанот на еден од најпознатите готвачи во светот, Salt Bae. Каде е и што прави Христијан Тодороски од „Македонски Идол“?
Многумина го помнат Христијан Тодороски кој учествуваше во „Македонскиот Идол“, а заради изјавата дека омилено место за секс му е ринглата, го доби и прекарот Кико Рингла.
По „Идол“ потпиша договор со продуцентската куќа „Mak Music“ на Јован Јованов и Кристијан Стефановски, по што следуваа голем број настапи низ македонските клубови.
Во 2013-та година учествуваше и во реалното шоу „Фарма“, но во последните 10-тина години се чини дека се повлече од јавноста.
Факт е дека Кико и до ден-денес не се откажува од музиката и од пеењето, но тоа го прави многу подалеку од родниот Прилеп и Македонија.
Кико во последните неколку години почна многу поактивно да се занимава со угостителството, а пред неколку години одлучи да си замине од земјава и среќата да си ја побара во Обединетите Арапски Емирати, каде што и денес работи.
Според објавите на социјалните мрежи Кико променил неколку работни места, а денес ја има можноста да работи во ресторанот на еден од најпознатите готвачи во светот Salt Bae, а според неговиот LinkedIn профил пред околу еден месец бил унапреден во „супервајзор“ и асистент.
https://www.instagram.com/p/Cww5UpOyVKf/
Освен што работи во ресторанот, Кико сè уште ги користи можностите и да ја гради својата музичка кариера, па така во март месец годинава токму тој го отвори концертот на Ана Бекута, каде во публиката беа собрани голем број гледачи со потекло од земјите од поранешна Југославија.