Дечко од Берово му направи уникатна „торта“ на миленикот за вториот роденден - со тон љубов и внимание (фото)
- Детали
- среда, 13 септември 2023
„Кучето ми го даде другар и јас го засакав како член од семејството“ – раскажува Илија за тоа како го вдомил своjот миленик Дикси (2). Илија вели дека како и секој член во семејството, така и Дикси добил убава торта по повод неговиот роденден.
Илија Брндевски (30) од беровското село Ратево, веќе е познат како голем вљубеник на природата и животните.
Тој има своја мала оаза во дворот на семејната куќа, каде чува над 300 кактуси, сукуленти и други растенија, а таа е омилено место како за сите што му доаѓаат на посета, така и за неговите миленици.
Илија се грижи за своето куче Дикси, но и за уште три мачиња, кои уживаат во оазата која тој сосема сам ја направил и ја одгледува во слободното време.
Овој млад беровец неодамна го прослави вториот роденден на своето куче Дикси, а за CRNOBELO.com сподели повеќе фотографии од својот миленик, кого го вдомил и му дава неизмерна љубов и топол дом.
„Кучето ми го даде другар и јас го засакав како член од семејството“ – вели Илија во изјава за CRNOBELO.com.
А како и секој друг член во семејството, така и Дикси доби своја торта во форма на кучешка коска, подготвена од омилената храна и грицки.
Илија потрошил околу 1 час за тортата, којашто е направена од виршли, леб и паштета, кучешка храна и од сите омилени вкусови што Дикси најчесто ги добива на своето мени.
Погледнете повеќе фотографии од милениците на Илија:
Б. С. Б. | Црнобело