Позитива на денот: Чичко сам ги кова штиците на искршените летниковци во паркче кај училиште во Велес (со пари од пензијата)
- Детали
- среда, 06 септември 2023
„Човекот кој ги кова искршените летниковци во паркчето кај основното училиште ‘Васил Главинов’, со свој материјал купува клинци, купува боја од неговата пензија (18.000) и со мерак ги поправа..“, гласи дел од објавата на Бети Давитковска од Велес. Нејзиниот апел за помош на Џорџ во мисијата имаше среќен крај.
Бети Давитковска од Велес на својот Фејсбук профил сподели ситуација од нејзиниот град, која ја прогласуваме за позитива на денот.
Таа откри дека еден маж од Велес самоиницијативно кова штици и ги средува летниковците во паркче кај едно основно училиште, за на децата да им биде убаво и да има каде да седнат.
Нејзината објава гласи:
„Човекот кој ги кова искршените летниковци во паркчето кај основното училиште 'Васил Главинов', со свој материјал купува клинци, купува боја од неговата пензија (18.000 денари, според негова изјава) и со мерак ги поправа - се вика Џорџ.
Кој е во можност нека му донесе материјал. Човекот заслужува награда.
Потоа, Бети сподели прекрасна вест дека некој му донел материјал на Џорџ.
„Џорџ работи насмеан и среќен, благодарен за добриот човек што донираше материјал“.
https://www.facebook.com/betidavitkovska/posts/pfbid025xyydcT8LEhHcmr9Ld4sfKtX8S3ShaYCwBv5FRxwkfuat4nkwM29KkMnoypM9syBl
С. С. | Црнобело