Маја и Александар имаат традиционален македонски ресторан во Чикаго: „Гостите обожаваат ќебапи и гравче, во зима омилени се пастрмајлиите“

„Наш водечки производ е македонскиот хамбургер, го служиме со компирите внатре прелиени во кечап и мајонез, точно како што јадевме во детството во Македонија. Секојдневно сè повеќе расте бројот на гости Американци, Азијати и од речиси сите страни на светот. Многумина ги привлекува натписот „Macedonian Street Food“, за да пробаат каква храна е тоа, па потоа пребаруваат на Google каде точно, Македонија е позиционирана на картата на светот“ – вели за CRNOBELO.com Маја Јаковиќ Стојмирова, сопственичка на Babba Grill во САД.

maja-i-aleksandar-imaat-tradicionalen-makedonski-restoran-vo-chikago-gostite-obozhavaat-kjebapi-i-gravche-vo-zima-omileni-se-pastrmajliite-01.jpg

Маја и Александар Стојмирови се наши Македонци со потекло од Скопје, кои со години наназад живеат и работат во Чикаго, САД, а со отворањето на нивниот локал „Babba Grill“ им овозможуваат на нашинците таму да уживаат во традиционалната македонска храна и специјалитети, а на останатите да се запознаат со вкусот на македонската кујна.

maja-i-aleksandar-imaat-tradicionalen-makedonski-restoran-vo-chikago-gostite-obozhavaat-kjebapi-i-gravche-vo-zima-omileni-se-pastrmajliite-02.jpg

Ќебапи, хамбругери, пастрмајлии, гиро, чорба, гравче… Ова се само некои од специјалитетите што се служат во „Babba Grill“, а се добредојдени за големиот број нашинци што живеат во САД и на кои им недостасува традиционалната македонска и балканска кујна.

За тоа како се отселиле во САД, какви биле нивните почетоци, колку е тешка постапката за започнување свој бизнис во земја каде што не познаваш речиси никого на почетокот, разговаравме со сопственичката на ресторанот Маја Јаковиќ Стојмирова.

Во 2006-та година Александар (42) како студент пристигнал во САД, а прво работно искуство му било во хотел на Флорида, каде работел како супервизор во кујна.

Маја доаѓа во САД 10 години подоцна, во 2016-та година, а веќе 7 години тие двајца паралелно се посветени на родителството, но и на работата во нивниот бизнис.

maja-i-aleksandar-imaat-tradicionalen-makedonski-restoran-vo-chikago-gostite-obozhavaat-kjebapi-i-gravche-vo-zima-omileni-se-pastrmajliite-03.jpg

Во интервју за CRNOBELO.com, Maja одговара за тоа како дошле до идејата да отворат сендвичарница во Чикаго, кои се омилените специјалитети што најмногу се бараат во „Babba Grill“, но и за тоа како изгледа да се отселиш од родната земја и да се обидеш да се реализираш и да бидеш успешен во земја каде што не познаваш никого.

Проследете го интервјуто со Маја во продолжение:

Како дојдовте до идеја да отворите свој ресторан со традиционална македонска храна во САД?

Идејата за сопствен концепт и ресторан, веројатно е во главата на секој готвач. Мојот сопруг како и повеќето нашинци (особено околу Чикаго) возеше камион.

Тоа, како што сите знаеме е професија која носи солидна и убава заработка, но бара и многу жртва и доста неприроден начин на живот.

Александар во периодот пред да ја отвориме Babba Grill бараше начин да излезе од камионите.

Па така неколкупати почнувавме да правиме идеи за ресторан, посебно кога видовме колку многу Македонци и Балканци има во наша близина.

Па запиравме затоа што некако многу голем и нереален беше концептот за традиционален ресторан. А од друг страна во наше опкружување тој концепт како традиционален да речеме балкански ресторан веќе беше понуден.

Но, од кога го добивме вториот син, Александар сè повеќе се фокусираше на реални концепти за нас, што од финансиски, што од почетнички аспект.

Така спонтано дојдовме до Macedonian street food (Македонска улична храна). Кога веќе знаевме од каде ќе почнеме, ја баравме соодветната локација.

Откако ја најдовме така мала и слатка како што ние дома (во Македонија) си ја нарекуваме: „сендвичарница“ почна една голема борба да ја дотераме до перфекција.

Нашиот слоган е „Каде што традицијата го сретнува модерното“ или „Where Tradition meets Modern“.

Идејата беше да се претставиме и како култура и како нација. Сакавме на нашите луѓе (Македонците и Балканците) да им го дадеме изборот, вкусот и амбиентот. А на сите останати да им се претставиме во нашето традиционално руво.

maja-i-aleksandar-imaat-tradicionalen-makedonski-restoran-vo-chikago-gostite-obozhavaat-kjebapi-i-gravche-vo-zima-omileni-se-pastrmajliite-09.jpg

Дали постапката за отворање свој ресторан и свој бизнис во САД е многу сложена? Колку време ви требаше за да ја реализирате идејата?

Не можам да речам дека е сложена. Само треба добро да се разбере протоколот. Доколку знаеш што точно треба да направиш е всушност едноставен процес, затоа што сите тие луѓе од различни сектори работат со тебе.

Треба да се обезбедат неколку сертификати, да се поминат инспекции и да се добие зеленото светло. Во нашиот случај беше малку хаотично бидејќи некако почнавме да работиме без да го прочитаме упатството.

Ние се спремавме цела 2019-та година. Откако ја најдовме локацијата и го потпишавме договорот ни требаа речиси 6 месеци да започнеме со работа.

Доколку убаво се информиравме на самиот почеток сигурно ќе беше сè готово за околу 3 месеци.

maja-i-aleksandar-imaat-tradicionalen-makedonski-restoran-vo-chikago-gostite-obozhavaat-kjebapi-i-gravche-vo-zima-omileni-se-pastrmajliite-12.jpg

Дали имавте помош од некого на почетокот кога се преселивте во САД?

Како што веќе кажав, не дојдовме двајцата во исто време.

Александар на самиот почеток на Флорида се снаоѓал сам. Првично со двајца другари, заедно дојдени со истата виза, подоцна со запознавање на наши луѓе, заедно си помагале на различни начини.

Кога јас дојдов повеќето работи беа средени, но имиграцијата е тежок процес.

Секој од нас има своја приказна, на почетокот сите сме малку изгубени, не знаеме од каде да почнеме …

За мене беше полесно, јас се потпирав на Александар. А имав и огромна поддршка од луѓето кои беа околу мене на самиот почеток, ние овде немаме роднини, најчесто сами треба да се снаоѓаме во разни ситуации.

Но, имаме доста пријатели со кои си помагаме меѓусебно. Си ги споделуваме убавите моменти, празничните трпези и сме си тука едни за други во „гужви и брканици“ со животот.

maja-i-aleksandar-imaat-tradicionalen-makedonski-restoran-vo-chikago-gostite-obozhavaat-kjebapi-i-gravche-vo-zima-omileni-se-pastrmajliite-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Александар Динев искрен за борбата со тежината: „На 14 години имав скоро 100kg, се борев и со булими... „Еден ден почнав да чувствувам болка во градите и на лекар ми кажаа дека сум ‘на...
Александар Тарабунов е среќно вљубен во Калина, иако не открива детали за врската Убавата бринета со впечатлива насмевка му го освои срцето на Александар Тарабуно...
Александар Динев за булингот: „Дури и во живо се случува да бидам нападнат“ „На страна тоа што онлајн добивам безброј негативни коментари и во живо се случу...
Маја Платнар од Скопје: „14 години откако ми кажаа 'болна си', денес среќна ви кажувам 'здрава сум'“ „Верувајте ми дека не е лесно болеста да ви биде сопатник, но вреди, оти ако нау...
Ќерката на Александар Митевски слави матура: „Биди среќна и успешна“ Пет години откако правеше матурска прослава за ќерката Ања, Александар Митевски ...
Првпат запеале заедно во 2009-та, денес се неразделни – Како настанало дуото Дац и Александар? „На денешен ден, пред 15 години, Александар ја сними ’За век и векови‘. Во спото...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg