Македонска водителка со фотки од себе се пошегува: Пред vs. по деца – Гламур vs. борба за парче леб
- Детали
- среда, 12 февруари 2025
„Со моето бебе испробано ми е сѐ, следиме активно „тренери за спиење“, пратиме прозорци на будност, број на дремки, вкупен дневен сон… Mи велат период на регресија му е или скок во развој, ќе помине. Ние, право да ви кажам, во регресија сме откако сме родени...“, шеговито вели Ангела Апостоловка Петрески (28) за CRNOBELO.com.
Ангела Апостоловка Петрески (28), по потекло е од Битола, а живее во Скопје со семејството.
Таа гради актерска кариера, а актуелна е и како водителка во STARS ТВ шоуто на телевизија Алфа.
Aнгела е магистриран актер во Букурешт, Романија. Но, вели дека на актерски план има мала стагнација затоа што е тазе мајка, на речиси едногодишно детенце.
Таа открива дека е вљубеничка во камерата, и дека во водителската улога ужива подеднакво како и во проектите каде се појавува како актерка.
На нејзиниот Инстаграм профил на Стори осамнаа забавни фото-споредби каков е животот на една жена пред и по деца.
Ангела направила фото-колажи од себе на кои на шеговит начин ја доловува разликата.
Многу мајки ќе се препознаат во оваа забавна споредба, па затоа ја исконтактиравме Ангела од каде идејата и инспирацијата за ова.
Ангела за CRNOBELO.com сподели детали од мајчинскиот живот:
„Фото-колажите искрено се направени и објавени на Стори првично кога моето бебе имаше 3 месеци, но сега ги објавив повторно по низа комични ситуации, некако бев во елемент со хуморот, па реков да се навратиме на добрите колажи.
Тогаш искрено не се прославија толку, сега си ја дочекаа славата. Изгледа сега имам повеќе мајки кои ме следат на Инстаграм (ха-ха).
Идеја за вакви пред vs. потоа споредби, односно за животот без деца vs. со деца, не е тешко да се добие, ќе се сложат многу мајки со мене.
Тука е малку пренагласено, секако, во прилог на шегата, но реалната слика и не е баш далеку од ова.
Со исклучоци на мајките кои си имаат дечиња бубачиња и спанковци.
Мојот палавко, еден ама вреден, не е ни едното, ни другото. Да е здрав и жив син на мајка, ама ако овој физички аспект го извлекува од мене сега, што би правела со две деца (ха-ха).
Испробано сѐ, следиме активно „тренери за спиење“, пратиме прозорци на будност, број на дремки, вкупен дневен сон… Залудно.
Кога ќе разговарам со други мајки велат период на регресија му е или скок во развој, ќе помине.
Ние, право да ви кажам, во регресија сме откако сме родени.
На ова се надоврзува муабетот дека така е со доените деца, тие многу често се будат од навика. И уште ред други коментари.
Апропо, решив да не се дружам со мајките кои ме лажеа дека после коликите (грчевите) е полесно, ниту со мајките кои се наспани и не изгледаат како мене на втората фотографија.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_114840_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_113800_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_108098_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_115159_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_113739_400.jpg)
![](https://www.crnobelo.com/media/com_jvrelatives/images/thumbs/com_content_114548_400.jpg)