Виктор Апостоловски: „Подготвуваме свадба на лето, љубовта си ја пронајдов во мојот град“
- Детали
- сабота, 04 март 2023
„Нашата љубовна приказна започна пред околу 3 години. Кога првпат бевме на кафе, јас бев пејач со договорени настапи, настани и натпревари низ цела Европа, а таа беше студент на високата медицинска школа во Битола. И двајцата не планиравме да имаме ништо сериозно, ама ете испадна дека животот имал поубави планови за нас...“, раскажува Виктор Апостоловски за CRNOBELO.com за саканата Милена.
Пејачот Виктор Апостоловски ја запроси саканата Милена Доневска во јануари 2023, за време на нивното патување во Истанбул, а сега парот подготвува свадба.
Проговоривме со него околу плановите за свадбата, но и кој е поангажиран.
Виктор за CRNOBELO.com вели:
„Нашата љубовна приказна започна пред околу 3 години.
Кога првпат бевме на кафе, јас бев пејач со договорени настапи, настани и натпревари низ цела Европа, а таа беше студент на високата медицинска школа во Битола.
И двајцата не планиравме да имаме ништо сериозно, ама ете испадна дека животот имал поубави планови за нас.
И еве, 3 години подоцна, таа веќе работи како медицинска сестра, а јас си ја пејам старата песна, но со нова инспирација. Интересен е животот, долго време мислев дека среќата ми е таму некаде, во светот, а таа да ти била тука, во мојот град.
Подготовките за свадбата започнаа по враќањето од Истанбул, каде што ја запросив.
Направивме веридба, па потоа почнавме да размислуваме за останатото. Фала Богу, поради професијата ги познавам скоро сите што ни требаат, така што договарањето ни оди релативно лесно.
Првично планиравме да ја направиме свадбата на денот на годишнината на моите родители – 9-ти септември, за да ни остане како традиција, ама потоа размислувавме и сфативме дека всушност септември е некако далеку.
Колку подалеку настанот, толку подолго време ќе се малтретираш со подготовки. Така што решивме да ја направиме порано во текот на летото.
Сè уште не е се 100% дефинирано, ама битно ќе биде во Битола. Инаку нормално, невестата е секогаш поангажирана бидејќи има многу повеќе работи на кои треба да посвети внимание, шминка, фризура, фустан итн. Мажите обично се спремаат во последен момент.“
Прочитајте и Пејачот Виктор Апостоловски ја запроси саканата во Истанбул: „Доста време ерген одев!“ (видео)
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело