12 познати Македонки кои позираат без грам шминка – изгледаат прекрасно и кога се природни (фото)
- Детали
- недела, 01 септември 2024
Антониа Гиговска често вели дека жените се најубави природни, Каролина ужива без шминка на плажа, Татјана Стојановска објавува ретки фотки од негуваното лице без шминка – познати македонски дами кои изгледаат прекрасно и кога се во природно издание.
На ТВ екраните, на настапи или Инстаграм, најчесто сме навикнати да ги гледаме средени од глава до пети и нашминкани, но голем број познати дами кај нас, уживаат во своето најприродно издание.
Додека некои си го кријат природното лице под тон шминка и филтри, други немаат проблем да покажат како изгледаат кога не се нашминкани и со тоа да ги потсетат следбениците дека жените се убави секако.
Некои од овие дами често објавуваат фотки и видеа од себе кога се без шминка, додека други пак, ретко споделуваат, но сепак не се кријат.