Виктор Апостоловски во Шпанија со сопругата: Прошетка низ Барселона, на уживање во Љорет де Мар
- Детали
- петок, 28 јуни 2024
„На најубавото место сте, ех да можам таму да живеам. Уживајте“, му напишаа пријателите на Виктор на Инстаграм.
Пејачот Виктор Апостоловски и неговата сопруга Милена деновиве беа на патување во Шпанија.
Тие посетија неколку места во Каталонија - се прошетаа низ Барселона, а поминаа и неколку дена во туристичкото место Љорет де Мар, кое е познато по прекрасните песочни плажи и одличниот ноќен живот, со многу клубови и дискотеки.
Од одморот Виктор сподели неколку фотки на Инстаграм.
„На најубавото место сте, ех да можам таму да живеам. Уживајте“, му напишаа пријателите во коментари.
Виктор и Милена кои направија свадба пред една година, често патуваат низ Европа откако се венчаа.
Изминатите месеци тие беа на Лефкада, во Рим, Белград, Регенсбург, но и во Истанбул, каде што Виктор во јануари 2023 ја запроси својата сакана.
Повеќе фотографии од одморот во Шпанија:
Прочитајте и Виктор Апостоловски по свадбата и медениот месец на Лефкада: „Најмагично ми беше кога ја видов Милена во невестински фустан“
А. Ј. | Црнобело