Викторија Лоба: „Луѓето кои прават булинг со лоши коментари се навистина несреќни личности“

„Јас сум комплетно среќна и исполнета личност и не би ми дошло никогаш на памет за кој било нешто да искоментирам, значи дури и да не ми се допадне“, вели Викторија Лоба во гостувањето во емисијата „Низ град со Кики“.

viktorija-loba-lichnostite-koi-pravat-buling-so-loshi-komentari-se-navistina-nesrekjni-lichnosti-01.jpg

Младата и талентирана пејачка и актерка Кики Мукаетова стартуваше со своја ТВ емисија, која го носи името „Низ град со Кики“, а во првата епизода гостинка ѝ е Викторија Лоба.

Емисијата е позитивна, забавна и со тинејџерска нота, токму таква каква што ни недостигаше во етерот.

Кики планира да ни ја претстави убавата страна на Скопје, а во првата епизода Лоба вели дека иако не е родена во Скопје, буквално го чувствува Скопје како свој град.

viktorija-loba-lichnostite-koi-pravat-buling-so-loshi-komentari-se-navistina-nesrekjni-lichnosti-06.jpgфото: Инстаграм Кики Мукаетова

Емисијата премиерно ќе се емитува еднаш неделно на МРТ1, секоја сабота во 19 часот, а ќе ја има и на каналите на социјалните мрежи.

Во ова гостување, Кики ја прашува Лоба: „Луѓето те доживуваат како пејачка, инфлуенсерка и јавна личност, дали го доживуваш тоа како некаков товар?’

На ова Лоба вели:

„Не, но да нагласам со тоа ‘инфлуенсерство’ што го нарекуваме и таа влијателност доаѓа и некаква одговорност, која сметам дека треба да ја имаат инфлуенсерите, воопшто во целиот свет.

Плус, особено затоа што млади девојчиња нас нè следат и треба да сме пример“.

viktorija-loba-lichnostite-koi-pravat-buling-so-loshi-komentari-se-navistina-nesrekjni-lichnosti-05.jpg

На тема како се справува со негативните коментари, Лоба вели:

„Јас сум комплетно среќна и исполнета личност и не би ми дошло никогаш на памет за кој било нешто да искоментирам, значи дури и да не ми се допадне внатрешно, сметам дека не е во ред да се коментира.

Личностите коишто го прават тој булинг се навистина несреќни личности и можам да кажам дека ми е жал што го живеат тој начин на живот.

Сите коментари немаат врска со личноста за која се коментира, туку тоа е перцепција на тој што коментира.

Тоа е толку деликатна работа што мене овој пијалак (мача) може да ми е катастрофа, а тебе да ти е омилен. Сето тоа е перцепција на тој што коментира.

Јас имам една убава изрека за тоа: ‘Јас не се занимавам со мислењата на другите луѓе’“.

Исто така, Викторија нагласува:

„Инстаграм сликата никогаш не е вистинската слика.

Секако, дека јас сликам стотина фотографии, додека излезам најубава, значи и таа една од тие стотина и за таа ќе си размислам дали да ја пуштам во јавност“.

viktorija-loba-lichnostite-koi-pravat-buling-so-loshi-komentari-se-navistina-nesrekjni-lichnosti-08.jpg

Погледнете ја целата емисија:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Викторија Јаначковиќ: „Ќерка ми ја родив на 41 година, а да се биде самохрана мајка значи да се биде... „Честопати, кога се роди Никита, знаев да кажам: ‘Леле што не родив на 22 години...
Едина Муса го откри името на бебето, Кристина Димитри меша ајвар: Што прават македонските ѕвезди на ... Иван Јованов ужива со сопругата и ќерката Ниа, нашата млада актерка Марија Јанче...
Тони Михајловски прослави 13 години брак, Kристина Димитри во џакузи со дечкото: Што прават македонс... Мелани Тарчуловска ужива на Мајами, Kaтарина Ивановска беше на забава со саканио...
Македонски и регионални јавни личности кои биле жртви на булинг Ивона Јо, Александра Пријовиќ, Лука Модриќ денес се познати личности со многу фа...
Антониа Гиговска со кожена јакна без градник, Милена Антовска на свадба на Сардинија: Што прават мак... Весна Петрушевска беше на изложба за кучиња со миленикот Минки, Aлександар Белов...
Филип од Скопје ја запроси Ена на ски-патека во Австрија: „Доктор помисли дека сме повредени, веднаш... „Живееме на иста улица во Капиштец, еден спроти друг. Си гледаме од прозор во пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg