Македонски и регионални јавни личности кои биле жртви на булинг

Ивона Јо, Александра Пријовиќ, Лука Модриќ денес се познати личности со многу фанови, но како деца и во младоста биле жртви на булинг. Кои други познати личности од кај нас и регионот поминале низ ова и какви се нивните приказни? 

ismevanje-za-fizichkiot-izgled-navredi-od-vrsnicite-makedonski-i-regionalni-javni-lichnosti-koi-bile-zhrtvi-na-buling-001.jpg

Многу наши и регионални личности кои денес ги мотивираат младите, во текот на своето растење се соочувале со булинг, навреди и малтретирање од своите врсници.

Но, тоа што поминале низ толку тежок период, од една страна ги направило посилни, а од друга страна им дава мотив да бидат „гласни“ и да зборуваат против булингот, а со тоа и да ги поттикнат младите генерации да се спротивстават на врсничкото малтретирање или да им помогнат да го надминат полесно она со што се соочуваат.

Жртви на булинг има насекаде околу нас, не се само јавните личности во прашање.

Но, нивните приказни полесно допираат до јавноста и до оние на кои најмногу им треба помош и внимание.

Ова се неколку познати личности од Македонија и регионот кои биле жртви на булинг и нивните приказни:

Ивона Јо

Нашата пејачка не крие дека уште од дете била жртва на врснички булинг, поради прекумерната тежина, но дека и денес често добива пораки на социјалните мрежи со навредлива содржина и лоши коментари.

Таа во интервју за CRNOBELO.com, изјави дека булинг трпела уште во основно училиште поради физичкиот изглед, а бидејќи во тоа време не се зборувало гласно и отворено за проблемите со кои се соочувале жртвите на булингот, таа молчела и верувала во зборовите кои ги изговарале оние што ја малтретирале.

Иако е свесна за тоа што се случува, Ивона вели дека ни денес не е имуна на коментарите и дека понекогаш знаат да ја повредат.

ismevanje-za-fizichkiot-izgled-navredi-od-vrsnicite-makedonski-i-regionalni-javni-lichnosti-koi-bile-zhrtvi-na-buling-05.jpg

Александар Динев

Младиот тиктокер Александар Динев е уште една жртва на булинг кај нас.

Тој неколкупати зборувал на оваа тема, а во една пригода изјави дека булингот доаѓал од децата во училиштето во коешто одел, па поради тоа не сакал да посетува часови.

Работите оделе дотаму, што некои деца му доаѓале дома и му се качувале на прозорецот од собата, сакајќи да му наштетат.

ismevanje-za-fizichkiot-izgled-navredi-od-vrsnicite-makedonski-i-regionalni-javni-lichnosti-koi-bile-zhrtvi-na-buling-04.jpg

Лука Модриќ

Еден од најдобрите хрватски но и светски фудбалери, Лука Модриќ се соочил со булинг во 2003/2004 година и тоа од страна на други фудбалери.

Тој во едно интервју изјавил дека не само што трпел навреди од бројни фудбалери, кои му кажувале сè и сешто на теренот, туку и дека ја користеле секоја ситуација додека траел натпреварот за да го удираат физички по телото, нешто што не е премногу карактеристично за фудбалот, па често си одел дома со огромни модрици.

ismevanje-za-fizichkiot-izgled-navredi-od-vrsnicite-makedonski-i-regionalni-javni-lichnosti-koi-bile-zhrtvi-na-buling-03.jpg

Александра Пријовиќ

Српската пејачка денес е меѓу најпопуларните во регионот, обожавана од публиката од „Вардар до Триглав“.

Но, тоа не било отсекогаш така. Во времето кога одела на училиште, Александра често била понижувана и исмевана, а децата не само што ја навредувале неа, туку ѝ кажувале погрдни зборови и за мајка ѝ.

Во едно интервју, Пријовиќ истакнала дека ова било многу болно искуство и дека не посакува ниедно дете да минува низ истата голгота како што поминала таа.

ismevanje-za-fizichkiot-izgled-navredi-od-vrsnicite-makedonski-i-regionalni-javni-lichnosti-koi-bile-zhrtvi-na-buling-01.jpg

Нивес Целзиус

Хрватската пејачка, актерка и писателка, Нивес Целзиус се чувствувала помалку вредна од другите деца кога одела во основно училиште, бидејќи нејзината самохрана мајка била сиромашна и не можела да си приушти да ѝ купува брендирани патики и облека.

Поради ова, Нивес била на „црна листа“ меѓу нејзините врсници.

Таа во една прилика призна дека кога мајка ѝ конечно собрала пари за скапи патики, за децата тие не биле доволно добри, и тоа им бил повод за повторно да ја исмеат.

ismevanje-za-fizichkiot-izgled-navredi-od-vrsnicite-makedonski-i-regionalni-javni-lichnosti-koi-bile-zhrtvi-na-buling-02.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка и ќерка од Македонија позираат во стилот на Бијонсе – со бикини, каубојски шешири и чизми (фот... Облечени во црни бикини, со каубојски шешири и чизми, д-р Нена од Неготино и ќер...
Миа Костова раскажа како ослабела 17kg за 10 месеци: „Не држам диета, бројам калории - сè е во глава... „Првото јадење ми е накај 2-3 попладне, зашто до тоа време не чувствувам глад от...
Ивана Кнез со моќен статус за 8 Март: „Не успеав - имам кариера, но немам партнер и деца“ „Не успеав, се вклопив во шема на кариеристки. Ама ќе успеам да излезам од неа и...
Дизајнерката Ивана Кнез со емотивна објава за мајка ѝ: „И кога работеше во погон, беше дотерана – не... „Не е ниту до работното место ниту до финансиите, до волјата и желбата за живот ...
„Се молам да не заплачам додека пеам“: Ивона Јо ги испеа омилените песни од Тоше во Крушево „'Игри без граници' и 'Полско цвеќе' не можам да ги пеам, да дадам емоција, а да...
Миа Костова изреволтирана откако дете го удрило со бокс во стомак син ѝ: „Булингот доаѓа од дома“ (в... Миа Костова вели дека нејзиниот син е повторно жртва на булинг - откако пред изв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg