Македонка драстично ослабе и ги покажа стриите одблизу: „Oколината ме воспиталa дека стриите се грди“

„Без да бидам свесна за тоа, околината ме воспитала дека стриите се грди, само затоа што пасивно сум забележала дека е стигма која скоро сите се обидуваат да ја скријат...“, раскажува Кики Цветче која драстично ослабе, но сега одблизу ги покажува стриите на телото.

plus-sajz-makedonka-drastichno-oslabe-i-gi-pokazhuva-striite-odblizu-me-vospitale-deka-striite-se-grdi-01.jpgФото: Мартин Трајановски

Кики Цветче е македонска инфлуенсерка која слабее на здрав начин со режим на вежбање и исхрана.

За својата битка таа сподели емотивна исповед на Инстаграм со фотографии од фотографот Мартин Трајановски:

„Изборот на тоа кои лични работи да ги споделиме, а кои не, најчесто зависи од нас. Особено ствари кои не мора да бидат видливи и се релативно лесни да се скријат. Тоа што треба да нѐ засега е причината зошто се плашиме други да дознаат одредени работи за нас.

Најчесто, ги криеме работите од кои се срамиме, а ги покажуваме работите на кои сме горди. Прифаќањето на работите што не зависат од нас треба да нѐ радува затоа што на тој начин се грижиме за една работа помалку, а тоа ни отвора простор да ја насочиме таа грижа на ствари кои можеме да ги промениме на подобро.

plus-sajz-makedonka-drastichno-oslabe-i-gi-pokazhuva-striite-odblizu-me-vospitale-deka-striite-se-grdi-04.jpg

Без да бидам свесна за тоа, околината ме воспитала дека стриите се грди, само затоа што пасивно сум забележала дека е стигма која скоро сите се обидуваат да ја скријат. Никогаш не сфатив зошто, но најлесно ми беше да му верувам на мнозинството и не ѝ давав шанса на природата да ми ја прикаже нејзината уметност.

Стриите се најуникатната тетоважа во која е раскажано моето минато. Јас гледам на нив со гордост затоа што сум благодарна на минатото што на најприроден начин ме научило да се почитувам.

plus-sajz-makedonka-drastichno-oslabe-i-gi-pokazhuva-striite-odblizu-me-vospitale-deka-striite-se-grdi-03.jpg

Колку повеќе свесно приоритетизираме добри навики, толку помалку простор ќе остане за тие лошите и несвесните. Не е ова некакво просветлување, затоа што мојот живот е далеку од среден. Mоментално работам 3 работи секојдневно и мислам дека немам време за ништо. Но се чувствувам како да го достигнав совршенството со тоа што научив константно да се усовршувам.

Сѐ уште ми е тешко да правам прецизен план за претстојниот ден, но барем различно ги распоредив приоритетите на дневната ранг листа. Разбрав дека доколку продолжам да ги запоставувам правилната исхрана и физичката активност, постои голем ризик да ми се наруши здравјето, па тек тогаш нема да можам да работам ниедна работа, а ниту па да уживам. Здравиот начин на живот не ми створи аверзија кон нездравите дејства, туку само кон нездравите навики. 

Keep in mind дека покрај телото, подеднакво важно е и психата да остане здрава, а токму балансот е тој што го прави сето ова изводливо. Од време на време е убаво да ја почестиш душата со несекојдневни активности што исто така ти носат радост. Секое бегање од секојдневниот живот треба да ти биде како награда за дотогашната дисциплина и решителност, а не нешто за кое потоа ќе се каеш.

Веќе не се плашам да се вратам на старите навики, затоа што моменталните навики ми се веќе една година стари и со задоволство им се враќам на нив после секое наградување на себеси. Многу сум среќна што конечно ја научив златната придобивка на балансот и успевам да се водам по неа.

plus-sajz-makedonka-drastichno-oslabe-i-gi-pokazhuva-striite-odblizu-me-vospitale-deka-striite-se-grdi-02.jpg

Во текот на животот се запознаваме со многу луѓе, некои ги прифаќаме, некои ги осудуваме. Во моментот кога ќе ги прифатиме, тоа ни отвора можност да станат дел од нашиот секојдневен живот, па и да ги засакаме. Секогаш постои барем една личност којашто засекогаш ќе биде во твојот живот и воопшто не е добра идеја токму неа да ја мразиш затоа што не можеш да избегаш од неа. Не можеш да избегаш од себеси. Замисли колку е лошо да го поминеш остатокот од твојот живот со некој кој не го сакаш. 

Во минатото не бев свесна за оваа идеологија и пробував да се засакам себеси на начин што претходно се казнував и мислев дека треба да помине одреден период на лошо чувство за конечно да стигнам до некоја цел што навидум ќе ме задоволи. Но изминатава година ми го докажа сосем спротивното. Во моментот кога сфатив дека сѐ е во ред со мене, си дадов шанса и се прифатив таква каква што бев. Само на тој начин можев да почнам да се заљубувам во себе.

Прифаќањето ме натера да се грижам за себе повеќе и заклучив дека имам навики кои сакам да ги сменам; навики кои порано не сум успевала да ги променам, затоа што присилно сум пробувала да се засакам. Како што растев и напреднував во цела оваа година, така растеше и себељубовта. Прекинав да му попуштам на мозокот во игрите кои ми ги наметнуваше. Му докажав дека можам да го надвладеам. 

Едно огромно благодарам до сите кои беа тука за поддршка во секој момент. Никогаш не осетив мака и со љубов, решителност и мерак зачекорив по овој пат; ама поддршката што ја добив на старт и што и понатаму ја добивав како што течеше времето го правеа патот драстично полесен за одење. Благодарам и на тие кои можеби не веруваа во мене од самиот старт, не се лутам, ни јас не би си верувала после толку неуспешни обиди да се пронајдам себеси.

А на оние кои сѐ уште им е полесно да осудат отколку да прифатат, им посакувам што поскоро да се вљубат во себе. 

С. С. | Црнобело / Фото: Мартин Трајановски

Би можело да ве интересира:

Македонка го живее својот сон во Осло: Сопругот фудбалер шутна топка и го откри полот на бебето Ана Најдовска од Скопје веќе години наназад Норвешка ја нарекува својот дом. Там...
Македонка беше запросена во хеликоптер за време на лет над Монако (фото) „Влеговме во хеликоптерот и заедно уживавме во глетката - море преполно со луксу...
Македонка освои бронза на првенство во џудо и уште 4 позитивни вести што нè израдуваа оваа недела Нашиот познат кардиолог Сашко Кедев, кој е страстен алпинист, направи уште еден ...
Македонка со инспиративен потег - наместо да купува, веќе 3 години рачно им прави подароци на сакани... „Пред 3 години, почнав на најблиските за секој роденден и празник да им подарува...
Миа Костова си купи нов автомобил, Столе Димитриевски со девојката во Њујорк: Што прават македонскит... Фудбалската легенда Горан Пандев во Струмица се дружеше со Марко Маринковиќ - Сл...
Македонка ги откри најголемите грешки што ги прави по раѓањето на второто дете, а си ветила дека нем... „Реков нема да го научам бебето да спие во нашиот кревет, но...“, вели Зорица Ни...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg