Убави, едноставни и весели велигденски декорации за вашиот дом
- Детали
- понеделник, 26 април 2021
Останува уште навистина малку до еден од најголемите христијански празници – Велигден.
Сите се надеваме дека ова ќе биде последниот Велигден од „новото нормално“ што ќе треба да го поминеме во потесниот круг на семејството, одвоени од останатите членови или, пак, пријателите. Па, како што велат „кај и да си, за Велигден дома да си“, во продолжение ви претставуваме неколку идеи за да го направите овој Велигден навистина посебен и да го донесете велигденскиот дух во вашиот дом.
Велигденски венец
Можеби нема да можете да поканите гости за Велигден, но тоа не значи дека вашите соседи и семејството не можат да уживаат во вашите прекрасни Велигденски украси. Венецот може да го закачите на влезната врата, на надворешната порта, на терасата или, пак, едноставно на вратите од собите.
Велигденска икебана
Со сигурност нетрпеливо се очекува велигденскиот ручек, особено од оние кои ги почитуваат велигденските пости. Една, две или, пак, повеќе велигденски икебани можат навистина естетски да го надополнат и разубават неделниот ручек.
Мали весели декорации
За навистина да го внесете велигденскиот дух, исполнете го домот со повеќе помали украси и детали кои асоцираат на празникот. Цвеќиња, зајчиња, јајца во различни бои и од различни материјали, пилиња насекаде! Не заборавајте ги велигденските салфетки.
Свежо цвеќе
Цвеќињата внесуваат свежина и радост во домот, а пролетта е навистина прекрасно годишно време кое носи богат избор на туку што процутеното цвеќе кое никого не остава рамнодушен. Заокружете го велигденскиот изглед со многу пролетни бои и мириси.
При набавката на она што е потребно за овие велигденски декорации не заборавајте да ја понесете вашата Mastercard Contactless кредитна картичка од Халкбанк која нуди брзо и едноставно бесконтактно плаќање на ПОС терминалите, заштедувајќи ви време кое и тоа како е потребно кога станува збор велигденскиот шопинг во последен момент. Mastercard Contactless кредитна картичка е без ограничување на лимитот во бројот на плати, овозможува месечна отплата на минимален долг од 5% и нуди плаќање до 60 рати без камата кај над 800 партнери на Банката. Важни се луѓето, важно е нивното здравје и важно е сите да можат да уживаат во празникот без да се грижат за финансиски средства.