Инфлуенсерката Софија Јанева прослави 30-ти роденден – елегантна во црно-бело, торта со црни панделки
- Детали
- понеделник, 15 април 2024
Облечена во црн комбинезон со бели панделки и висечки украси, но и со елегантни, црни ракавици, Софија го прослави 30-тиот роденден со најблиските.
Инфлуенсерката Софија Јанева викендов објави фотографии од нејзината забава по повод 30-тиот роденден.
Таа го прослави јубилејниот роденден во скопски локал, украсен со црно-златни балони и декорации во слична боја.
За прославата, славеничката беше облечена во долг, црн комбинезон со бели панделки и висечки украси, а изгледот го дополни со елегантни црни ракавици.
Гостите беа пречекани со мини пијалаци кои се пијат на екс, а до нив стоеше шеговит натпис во насока дека влезот се наплаќа со еден испиен „шот“.
Роденденската торта на Софија беше целосно бела, декорирана со црни панделки, со црн натпис „Среќен роденден“ и бројки во златна боја.
Погледнете повеќе фотографии:
М. М. | Црнобело