Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Христос воскресе, вистина воскресе: Најубавите пораки за Велигден кои може да им ги испратите на вашите блиски

Нека радоста на воскресението ви ја донесе вербата во животот, да нема зло и да надвладее доброто, љубовта нека ви биде поддршка, а среќата вечен придружник. Христос воскресе!

veligden-01.jpg

Покажете им на вашите блиски дека ви значат и дека мислите на нив и на овој голем празник, Велигден. Посакајте им убав ден, мир, среќа и благосостојба.

Во продолжение издвојуваме неколку велигденски пораки коишто може да им ги упатите на вашите најсакани:

Со светлина во срцето, радувајте се на воскресението Христово и нека ви донесе мир и среќа на сите во семејството. Честит Велигден!

Денес се слави најсреќниот христијански празник, симбол на нов почеток и вечен живот во верба и мир. Честит Велигден!

Дочекајте го велигденското утро со насмевка, мир, среќа и благосостојба. Христос нека донесе радост и во вашиот дом. Среќен Велигден и бидете благословени!

Нека радоста на воскресението ви ја донесе вербата во животот, да нема зло и да надвладее доброто, љубовта нека ви биде поддршка, а среќата вечен придружник. Христос воскресе!

Нека денешниот празник ви биде среќен и радосен, да се слави името Христово, кој воскресна од мртвите и повторно се појави помеѓу нас. Честит Велигден, Христос воскресе!

Нека биде благословен секој член од вашето семејство. Да сте живи и здрави и многу години да го славите Велигден. Среќен празник!

Одвојте време да размислите што навистина значи Велигден и ќе бидете изненадени. Простено ви е, ослободени сте, имате живот и живејте го најдобро што можете. Тоа е еден од начините вистински да му се поклониме на Оној кој го положил за нас својот драгоцен живот. Среќен Велигден!

Христос воскресе, ја однесе тагата, ја донесе радоста. Славете го овој празник во мир и благосостојба. Среќен Велигден!

Велигден е време на обнова и нови почетоци. Нека христовата жртва ве поттикне да живеете живот полн со љубов и милост. Среќен Велигден!

Во мирот на велигденското утро, нека во вашите срца се роди нова надеж и љубов кој ги дарува Исус. Честит празник!

Никогаш повеќе не треба да се плашите од иднината. Христос е вашето минато, сегашност и иднина, а со неговото воскресение, вашата иднина е сигурна. Среќен Велигден!

Додека го славите Велигден, сетете се на Божјата совршена љубов кон целото човештво и нека таа љубов ве исполни со надеж за деновите кои доаѓаат. Среќен празник!

На велигденското утро бидете вистински благодарни на Бога за слободата што ви ја дава вам и вашите најблиски. Христос нè ослободи од секакво ропство, грев и маки. Радувајте се секој ден. Среќен Велигден!

М. Ѓ | Црнобело / фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

Македонка со силна порака: „Зимава трипати бевме болни со децата - кога телото ми откажуваше, сфатив... „Како мајка на мали деца, очекувано ти е да има вакви епизоди. Но, признавам, не...
„Среќен роденден женче“ – Таско ѝ честиташе на сопругата со емотивни семејни фотки Заеднички фотки од трудничката фотосесија, моментот по породувањето со синчето в...
Кирил Ангелов, жртва на педофил од Велес: „Сѐ уште ги мирисам лигите на Сеништето по мојот врат доде... „Добар ден, имате ли парфем кој мириса на Црква? На темјан? Се чудат... Како да ...
Македонки плетат ќебенца за децата без родители – Зошто овој проект ми го стопли срцето? „Секое дете заслужува љубов и топлина!“ Со оваа помисла одлучив да се вклучам во...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Чичко Крсто од Кратово е 52 години во љубов со тетка Пале: „Секое утро ја будам со бакнеж во образ, ... „Каква и да имамо обврска у град да идемо - идемо заедно. Ја шо викам - со моето...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg