Интервју со Мирко Петровски, Project Fit: „Баланс во исхраната и физичката активност се клучот за релаксиран ден и секојдневие без стрес“

Како да се справиме со негативната енергија апсорбирана од стресното секојдневие, како седењето дома да го замениме со квалитетна и конструктивна активност, да внесеме промени во исхраната и да им одолееме на слатките искушенија, како животот по пандемијата да го претвориме во подобра верзија од претходното нормално, слушаме директно од човекот кој најдобро знае за тоа и 25 години е поборник на здравата исхрана и физичката активност.

intervju-so-mirko-petrovski-balans-vo-izhranata-i-fizichkata-aktivnost-se-kluchot-za-relaksiran-den-01.jpg

Мирко Петровски ги споделува своите искуства и дава совети како да се свртиме кон здравите животни навики.

Како изгледа вашиот ден откако практикувате социјално дистанцирање? Како оваа ситуација ги промени вашите навики?

Со оглед на тоа дека мојата работа се состои од комуникација и состанување со голем број луѓе секој ден, вежбање и помагање на луѓето кои имаат проблем со својата тежина или изглед, социјалното дистанцирање доведе до голема промена на текот на работниот ден. На почетокот на воведувањето на мерките, сите мислевме дека ќе биде краток период и искрено го уживав времето поминато со мојата сопруга и мојот син со кого во нормална работна недела немаме доволно време да си посветиме еден на друг. Но, како поминуваа деновите, па и неделите, нормалните активности како тренингот во нашиот клуб рано наутро, веќе и тоа како ми недостига. Ми фалеше и работата и дружбата со пријателите. Одењето на Водно и вежбањето по дома за професионален спортист како мене не се доволни.

Без кои ритуали не може да ви помине денот?

Еден ден не може да ми помине без вежбање и час или два поминати со мојот син во каква било физичка активност или игра.

intervju-so-mirko-petrovski-balans-vo-izhranata-i-fizichkata-aktivnost-se-kluchot-za-relaksiran-den-02.jpg

Како седењето дома влијае на нашето тело? Што може да направиме за во домашни услови да ја подобриме физичката активност?

Седењето дома и недоволната активност влијае негативно и врз физичкото и врз психичкото здравје. Кога вежбаме телото го лачи хормонот на среќа и ние сме повесели, порасположени и со поголем елан за работа. Седењето дома придонесе за поголем внес на нездрава храна и заедно со намалената физичка активност, до таложење на масни наслаги. Она што можеме да направиме е да си го организираме денот однапред, да внесеме здраво мени во текот на денот и задолжително барем еден час физичка активност. Кога велам физичка активност мислам на изведување вежби дома гледајќи видеа со вежби од социјалните мрежи, online тренинг, трчање на кеј или планинарење на Водно. Можностите се скратени, но не смееме да си дозволиме ден без физичка активност.

Дали вежбањето дома за вас претставува предизвик? Што би ги советувале читателите кои во оваа ситуација немаат мотивација за вежбање?

Вежбањето дома за мене е навистина голем предизвик. Живеам во стан, кој последниве два месеци го претворив во теретана. Секој нареден тренинг потребно ми беше нешто ново. За одржување на мојата мускулна маса не се доволни вежби со сопствена тежина. Инаку за вежбачи кои се рекреативци би им препорачал да пронајдат физичка активност соодветна на нивните можности. Нека си одредат денови и термини за вежбање и нека не отстапуваат од нив. Знам дека ова е тешко време за секој од нас, но наместо да тонеме, ајде оваа пандемија нека не` направи посилни, посвесни и поздрави личности.

intervju-so-mirko-petrovski-balans-vo-izhranata-i-fizichkata-aktivnost-se-kluchot-za-relaksiran-den-03.jpg

А, што е со исхраната? Како успевате да одолеете на грицки и нездрава храна и да имате балансирана исхрана?

Никогаш сум немал проблем да одолеам на грицки или слатка храна. Здравиот животен стил кој го живеам повеќе од 25 години, е мое секојдневие, имам ред во исхраната кој го почитувам и не отстапувам. Еднаш неделно си дозволувам и нездрава храна, но тоа не е воопшто проблем доколку останатите 6 дена биле коректни. Препорачувам оброците да ги планирате ден однапред, така е помала шансата да внесете нездрав оброк. Внимавајте што чувате во фрижидер и што пазарувате. Доколку дома немате (или имате малку) нездрава храна шансата да посегнете по празни калории е помала.

Што за вас претставува балансиран оброк?

За мене балансиран оброк значи оброк кој е богат со протеини – месо или риба, а секако и континуирано консумирање Баланс+, бидејќи на мојата мускулна маса и е потребна поголема количина протеини, потоа јаглехидрати како ориз, житарици од цело зрно, сладок компир или мешан зеленчук и здрави масти, маслиново масло, авокадо, семки.

intervju-so-mirko-petrovski-balans-vo-izhranata-i-fizichkata-aktivnost-se-kluchot-za-relaksiran-den-04.jpg

Кога и како најчесто го консумирате Баланс+?

Баланс+ го консумирам секојдневно. Наутро со овесна каша, а навечер со омлет. Многу често пијам чаша Баланс+ и пред спиење бидејќи содржи протеини кои бавно се разложуваат во текот на ноќта.

Кој е вашиот совет за балансиран ден?

Балансиран ден ќе постигнете само со добра организација, завршете ги работните обврски, одвоите време за вежбање за да се релаксирате од стресот, внесете однапред планирани здрави оброци и поминете време со семејството.

Би можело да ве интересира:

Слаткар отворено за говорната маана: „На 2 години бев оставен сам во болница – кога ме зеле сум почн... „Едноствено уште како дете сум стравувал дека нема да можам да го кажам тоа што ...
10 локали во Скопје со здрава (и вкусна) храна Авокадо, Залче, Healthy Dose... низ Скопје има бројни локали кои нудат здрава, н...
Мали хероини: Уште 2 предвремено родени бебиња се изборија за животите (едното родено со тежина од 5... Малата Амела била родена со тежина од само 550 грама во 6-иот месец од бременост...
Ледената Бетика го запозна својот идол, Вим Хоф: „Ми кажа дека заедно ќе го промениме светот“ „Кога му соопштив дека мојата повредена нога е комплетно излечена, врескаше на ц...
Маријана и Росана слават роденден, едната во Македонија, другата во Австралија: „Ах, да можам да те ... „Мојата сестра, моето сè, мојата Росанче, мојата душа, мое сонце, мое небо, моја...
Лила Филиповска емотивна за 30-тиот роденден на синот: „Ти си мојата сила, мојот панцир, мојот двига... „За мене секогаш ќе останеш ‘моето дете’, иако денес полниш 30 години! Со овие з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg