Софија Јанева: „Откако се породив се соочувам со опаѓање на косата - не зборувам за малку коса, туку цели прамени“
- Детали
- вторник, 08 април 2025
„Откако ќе станеш мајка телото ти се менува, хормоните дивеат, спиењето е луксуз, а од тебе се очекува да „уживаш“ во секој момент. А понекогаш едноставно не можеш. Ова е мојата коса после само едно чешлање“, споделува искрено инфлуенсерката Софија Јанева, која е мајка на 2-месечно бебенце.
Инфлуенсерката Софија Јанева со сопругот Виктор го доби синот Матео на 31.01.2025.
Сега, таа на својот Инстаграм профил искрено споделува искуства од улогата на мајка.
Во нејзината последна објава зборува за постпородилната депресија, но и за опаѓањето на косата:
„Мама полека се враќа во форма, иако постпартум периодот не е лесен!
Не зборувам само за вишокот килограми или драстичното опаѓање на косата, туку и за постпартум депресијата, нешто што е многу реално и, за жал, често премолчено.
Може да дојде од никаде. Можеш да имаш прекрасно бебе, да бидеш опкружена со љубов и пак да се чувствуваш изгубено, осамено, празно.
Телото ти се менува, хормоните дивеат, спиењето е луксуз, а од тебе се очекува да „уживаш“ во секој момент. А понекогаш едноставно не можеш.
Да не ја имав поддршката што ја имам од партнерот, семејството, и неколку блиски пријатели, ситуацијата ќе беше многу полоша.
Затоа зборувам за ова. За да знаеш дека ако и ти се чувствуваш така, не си сама. Не си слаба. И не е срамота да побараш помош.
Ќе зборувам за ова подетално во некоја наредна пригода, но сакав да им дадам до знаење на сите мајки дека мојот инбокс е отворен за вас во секое време.
Тука сум за поддршка, совет или едноставно да ги ислушам вашите проблеми.
А, сега ќе зборувам за друг проблем со кој што се соочувам откако се породив - опаѓањето на косата. Не зборувам за „малку“ коса, туку цели прамени.
Ова е мојата коса после само едно чешлање.... сите околу мене ме убедуваа дека е „нормално“, но јас најискрено мислам дека доколку не преземам одредени мерки дека ќе ми опадне цела коса“.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





