Софија Јанева: „Откако се породив се соочувам со опаѓање на косата - не зборувам за малку коса, туку цели прамени“
Инаку, малиот Матео на 11-ти март наполни 40 дена, а Софија по тој повод напиша:
„40 дена со моето новороденче. 40 дена исполнети со неизмерна љубов, радост и предизвици кои ме направија да се чувствувам посилна отколку што некогаш сум мислела дека можам да бидам.
Понекогаш уморна, понекогаш несигурна, но секогаш горда што сум мајка.
Погледите на моето бебе, неговите насмевки и звуци ми го загреваат срцето на начин кој не можам да го опишам со зборови.
Ниту една ноќ не е премногу долга кога го гледам тоа мало лице и знам дека ја правам најважната работа во животот.
Бебињата растат толку брзо, а ние како мајки сме сведоци на тие неверојатни први погледи, први насмевки, први гласови.
Моментално за мене (како љубител на патувања што не сакаше да се прибере дома), никаде нема подобро место од дома, покрај моето бебе.
Секој момент со моето бебе е подарок. 40 дена, и уште многу повеќе пред нас“.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





