Ива од Битола секој роденден го слави на патување - На 32-иот беше во Амстердам со лалиња, балони и пловење по канал
- Детали
- вторник, 08 април 2025
„Кој не би посакал роденден со пасош во рака и нова дестинација, зарем не?“, вели Ива и открива дека за својот 30-ти роденден била во Венеција, за 31-иот во Чинкве Тере, а сега за 32-иот во Амстердам.
Ива Крстевска, инфлуенсерка, од Битола за своите родендени има традиција да оди на роденденски патувања.
Таа од 25-тиот роденден почнала секоја година да оди во Солун роденденски, од 30-тиот ја променила локацијата, па дестинација со сопругот им станала Италија, а сега за 32-иот роденден Ива ја посети Холандија.
Прочитајте и Уникатен роденден на битолчанка во Венеција на гондола, со балони и во локал со спектакуларен поглед
За роденденското патување во Амстердам таа споделува за CRNOBELO.com:
„Родендените отсекогаш биле нешто посебно во моето семејство и сме ги славеле гламурозно.
Кој не би посакал роденден со пасош во рака и нова дестинација, зарем не?
Од 25-тиот роденден до 29-тиот, со исклучок за пандемијата, одиме неколку дена во Солун за мојот роденден.
Пред тоа, пак, правев огромни забави со многу балони и фотосесии во Битола.
За 30-тиот роденден сопругот ме изненади со прослава во Венеција.
31-иот го прославив во Чинкве Тере, Италија, а годинава за 32-риот имавме резервирано традиционално за Италија, поточно Салерно, Амалфи Брегот.
Но, на крај како креатор на содржина за патувања (со повеќе од 29.000 следбеници на Инстаграм) ми излезе можноста да одиме за Амстердам од Скопје со директен лет, во рамки на една убава неочекувана соработка.
Тоа ми го обои мојот роденден во нови холандски бои и ме пречека урбаниот и романтичен Амстердам, во кој се заљубив на прва.
32-иот роденден во Амстердам го прославив со букет лалиња и крстарење по каналите.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





