Хумани луѓе, оздравени дечиња, спасени животни: Убави вести од Македонија што ја одбележаа 2024-та
- Детали
- понеделник, 30 декември 2024
Хуманост, добрина, исполнети желби… Можеби за некои 2024-та била далеку од најдобрата година, но факт е дека годинава сведочевме на бројни убави моменти во Македонија.
Бројни талентирани деца освоија сребро и злато на реномирани натпревари по математика, физика и што уште не.
Истовремено, многу предвремено родени дечиња беа пуштени од болница во добра здравствена состојба, а хуманите Македонци несебично собраа стотици илјади денари за лекувањето на многумина.
Видовме и убави приказни за вредни домаќинки, исполнети желби, па и еден светски рекорд.
Дел од убавите моменти на кои сведочевме во 2024 година:
На почетокот од годината, вработени во маркет во Тафталиџе, Скопје, згрижија куче скитник и во студените денови го чуваа на топло.
Годинава, неколку предвремено родени дечиња се покажаа како големи борци и беа пуштени дома – Тони, Дуа, Нила и Максим, Севда, Алиња и Мира...
Заболените од цистична фиброза конечно го добија лекот Трикафта.
Македонецот Слободанчо Ѓорѓиев, пак, се најде во Гинисовата книга на рекорди откако направи дури 5.500 чучнувања без престан.
Македонците ја покажаа својата добрина и донираа 450.000 денари за лекувањето на младиот Леонид.
ДНК, пак, втора година по ред ја ставија статуетката од Златна Бубамара на лицитација за да помогнат во лекувањето на Леонид и собраа дури 690.000 денари.