Александра Шијакоска шик за 31-от роденден: Бисери, корсет и животински принт за забавата во Битола
- Детали
- среда, 06 март 2024
Александра Шијакоска вчеравечер направи роденденска забава, а се дотера во тексас корсет, комбиниран со панталони со животински принт и целиот изглед го дополни со ѓердани од бисери.
Инфлуенсерката Александра Весели Шијакоска вчера (05.03) наполни 31 година. Таа со многу музика, пријатели и торта го прослави роденденот во родната Битола.
Шијакоска во текот на целиот ден на Инстаграм Стори споделуваше честитки од своите пријатели, а вечерта направи вистинска журка за паметење.
За роденденот таа воодушеви со стилот.
Избра шик комбинација - тексас корсет и панталони со животински принт, а целиот изглед го дополни со ѓердани од бисери и алка-змија во златна боја, која ја носеше високо на раката.
На забавата ѝ пееја нејзините блиски пријатели, Александра Јанева и Виктор Апостоловски.
Пејачите беа и гости на забавата, па Виктор беше со сопругата Милена, а Александра со свршеникот Иван.
Меѓу гостите беше и модната дизајнерка Моника Коцарева, која ѝ е блиска пријателка на Александра и која лани ѝ ја дизајнираше венчаницата.
Пред да ги дувне свеќичките на тортата, која ѝ ја донесе сопругот, гостите ѝ пееја „Happy Birthday“, а Шијакоска им се придружи, па ја испеа песната со зборовите „Среќен ми роденден“ (Happy birthday to me).
А. Ј. | Црнобело