Врчак ужива во Маврово - малку на снег, малку на базен (фото)
- Детали
- вторник, 20 февруари 2024
„Снегче во Маврово исто како лани ова време“, коментира Врчак на фотките што ги објави на Фејсбук, па откри како се забавува додека е на зимување.
Македонскиот музичар Раде Врчаковски Врчак е на зимување во Маврово.
Воодушевен од убавините на националниот парк, тој објави неколку фотографии од природата, па вели дека таму е „вистинска уживанција“.
„Еве какви убавини ме пречекаа“, напиша тој на првата фотографија што ја сподели на Фејсбук, а на која Мавровско Езеро блеска од сончевите зраци.
Раде откри дека ужива и на снегот, но и на базенот во хотелот каде што е сместен.
„Снегче во Маврово исто како лани ова време“, напиша тој.
Неговите фотографии, како и обично, привлекоа големо внимание кај оние што го познаваат, но и кај оние кои и денес ја сакаат неговата музика.
„Не личиш на себе како пред 25 години“, стои во коментарите на фотките.
Раде, кој важеше за еден од најпопуларните музичари кај нас, по бројните хитови, настапи и музички соработки, се повлече од сцената.
Неговиот настап со Ламбе Алабаковски на свадба во Охрид, кога го испеаја својот стар дует „Спасете ме другари“ кој го снимија во 2006-та, привлече огромно внимание, а видеото почна да се шири вирално на социјалните мрежи.
По ова, Врчак сними заедничка песна со ДНК, а неодамна и Антониа Гиговска најави дека подготвува песна со него.
А. Ј. | Црнобело